Author: Xhabir Deralla
Неколку значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press се достапни во книжарницата „Или-Или“. Во време кога цените вртоглаво растат, оваа акција нуди навистина пријателски цени (100 денари по примерок), како дел од заедничка акција на издавачите и книжарницата во екот на летните одмори. Попустот трае до 2 октомври.
Никола Спасов За негативното влијание на социјалните мрежи е напишано многу. Се зборува за зависноста од телефонот, падот на концентрацијата, потребата за постојана валидација, говорот на омраза, лажните вести…
Амб. Лариса Дир Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Од 18 до 20 септември 2026 година РФ одржува избори за Државната дума, проширувајќи ги и на привремено окупираните територии на Украина. Станува збор за Крим и Севастопол, како и за окупираните делови од Донецката, Запоришката, Луганската и Херсонската област. Ова не е само уште една епизода од рускиот изборен циклус. Ова е уште еден обид на државата-окупатор да создаде привид на «политичка интеграција» на украинските територии што ги зазеде со сила.
Премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон претстави амбициозен план за поврзување на гасната и електроенергетската инфраструктура со дата-центри и високотехнолошки инвестиции, а како аргумент за економските политики го посочи растот на БДП од 4,3 проценти. Сепак, најголемиот дел од најавените американски инвестиции и финансирања засега се разговори и можности, а не договорени проекти.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе го посети Западен Балкан од 30 септември до 2 октомври, а Скопје ќе биде една од трите станици на нејзината турнеја, заедно со Тирана и Приштина, објави италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на Европската комисија. Во агендата се наоѓа и Подгорица.
Грчката енергетска компанија ДЕИ (PPC Group) и „Амазон веб сервисис“ (AWS) потпишаа меморандум за развој на дата-центар во Агиос Димитриос, кај Кожани, со предвидена почетна моќност на електричното напојување од 300 мегавати. Соработката беше објавена на 17 септември, известува АБНА.
Извештаите на OpenAI отвораат сериозни прашања за контролата врз вештачката интелигенција. За јавноста е клучно да знае што е докажано, што останува неизвесно и како сензационализмот може да ги потисне вистинските предупредувања. Џабир Дерала Во соработка со CIVIL Media Tech & AI forum ЦИВИЛ МЕДИА Дебатата за вештачката интелигенција деновиве добива драматични тонови. Но зад вознемирувачките наслови постои прашање што заслужува прецизен одговор: што точно е забележано, во какви услови и што може да се заклучи од тоа?
Одлуката на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ненадејно да ги откаже закажаните седници и предвреме да ги испрати пратениците на повеќенеделен одмор пред ноемвриските избори, предизвика жестоки реакции и остри критики на Капитол Хил. Ваквиот потег директно го блокираше изјаснувањето за импичмент на секретарот за одбрана Пит Хегсет, спречувајќи иницијативата да стигне до формално судење во американскиот Сенат.
Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ што ЦИВИЛ го поставува веќе две години е: Какви резултати очекувате од посетата на премиерот Мицкоски на САД?
Русија ја претвори најголемата атомска електрана во Европа во воена база и инструмент за принуда, додека од реакцијата на МААЕ и демократскиот свет зависи дали таквата вооружена контрола ќе биде спречена или премолчено легитимирана Амб. Лариса Дир Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Запоришката атомска електрана е најголемата електрана во Европа. Од 4 март 2022 година, Запоришката АЕЦ се наоѓа под привремена окупација на руските вооружени сили. Државата-агресор фактички ја претвори окупираната Запоришка АЕЦ во воена база.
Никола Спасов На 8 септември 2026 година, Џејкоб Коксон кој работел на обучување на моделите во Антропик и Опен АИ го објави следново на X:
Решенијата за шкотската независност доаѓаат по неизбежниот колапс на британскиот систем, а не со револуција од Единбург Славе Младеновски Бунт против Круната или заштита на сопствениот имот Сложената социолошка димензија на Првата шкотска војна за независност го демистифицира романтичарскиот контекст за унисоното национално будење. Таа открива длабоко фрагментирано феудално општество, каде што концептите за суверенитет и слобода биле дефинирани исклучиво преку призмата на сталешкиот интерес. Високото шкотско благородништво (magnates) манифестирало висока политичка флуидност. Нивната лојалност не била врзана за апстрактната круна на Шкотска, туку за прагматичното зачувување на нивните трансгранични имоти, лоцирани и во Шкотска и во Англија. Токму тоа…














