Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Велигден: Заев во Струмица, Иванов во Охрид, Пендаровски во Галичник, Мицкоски и Сиљановска во Скопје

0
By Нова ТВ on April 28, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: mpc.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 28, 2019 13:06

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со своето семејство го дочека Христовото воскресение во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.

„Честитки за најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден до сите христијански верници кои го празнуваат. Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и дава сила во надежта за излез од сите тешки ситуации со коишто се соочуваме сите ние. Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир, благосостојба и меѓусебно почитување на сите“, се вели во честитката на премиерот Заев.

Претседателот Ѓорѓе Иванов за време на велигденските празници е во Охрид и заедно со семејството присуствуваше на утринската свечена богослужба во црквата „Свети Ѓорѓија“.

„Од ова наше најсвето место, од нашиот православен Ерусалим, на сите верници им го честитам овој голем христијански празник Велигден. Посакувам во текот на целата година сите граѓани да бидат сплотени и заедно да ги пребродат сите предизвици со кои се соочуваат во животот“, рече Иванов.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остана во Скопје и заедно со сопругата го дочека Христовото Воскресение во црквата „Свети Апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

„На сите православни верници им го честитам празникот Воскресение Христово, Велигден со желби за многу здравје, благодет, среќа и љубов. Овој голем ден и сите останати да ги минуваме со добра мисла, заедништво, подадена рака и пример како со взаемно почитување можеме да создадеме подобро утре за нашите деца и идните поколенија“, порача меѓудругото Мицкоски.

Христовото Воскресение во Скопје го дочека и претседателскиот кандидат на опозицијата, Гордана Сиљановска-Давкова која беше во црквата „Света Петка“ во Црниче додека кандидатот за претседател на власта, Стево Пендаровски за Велигден престојува во Галичник заедно со семејството.

Велигден Гордана Сиљановска Ѓорѓе Иванов Зоран Заев Стево Пендаровски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.