Министерот за полиција на Србија Небојша Стефановиќ одлучил да се забрани, женската јуниорска ракометна репрезентација да игра против Косово во квалификациите за Светското првенство, објави Б92.

-Секако дека можевме да организираме, овој натпревар да се одржи. Но која би била цената? Не сме подготвени на тоа полицијата да тепа народ за да се одржи еден натпревар, изјавил Стефановиќ.

Младите српски и косовски ракометарки требаше да играат денеска во 16:00 часот во Спортскиот центар Ковилово.

Србија е домаќин на квалификациска група во која се уште играат Норвешка и Словачка. Натпреварот требаше да се одигра во Крагуевац, но Српската ракометна федерација се предомисли, поради големото незадоволство на јавноста од одлуката да не се користат националните обележја, и натпреварот го премести во Ковилово.

Одлуката за забрана за играње на натпреварот дојде неколку часа откако навивачите го најавија нивното пристигнување пред СЦ во Ковилово, во момент кога се зголемени тензиите меѓу владите во Белград и Приштина, објави Б92.

ЕХФ донесе претходно одлука навивачите и преставниците на медиумите да не присуствуваат на натпреварот.