Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Деветте букви ВМРО ДПМНЕ се како деветте кругови во пеколот

0
By Нова ТВ on July 6, 2020 ВЕСТИ
Фото: sdsm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 6, 2020 20:48
„Го остваривме сонот на нашите предци. Имаме своја држава, зборуваме свој јазик признат од целиот свет, имаме наш потврден идентитет. Феноменот на постоењето на деструктивни сили кои извираат од ВМРО-ДПМНЕ подразбираат љубомора, его, суеата, лошотилак, освета, омраза, нечовечност и редица други негативни особености. За нив црното е бело, светлината е мрак, а визионерството е опасност. Кај ќе ни беше крајот ако не постоеше ВМРО-ДПМНЕ, ова зло со девет букви, како деветте кругови во пеколот, но немаат ни Д од демократија, ни Е од единство. Низ вековите убивале, со опиум тргувале, а денес за власт и моќ нè влечат назад, но ние не застануваме овде, сите прогресивни граѓани одиме напред, нема застанување“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од предизборната трибина во Штип.
Тој потсети на најголемите злодела на власта на ВМРО-ДПМНЕ која практикуваше режим со сеење страв, уцени и закани.
„Сите заедно очекуваме да видиме кој ќе победи на следните избори. Дуелот вечерва на МРТВ помеѓу мене и Мицкоски јасно покажува кој ќе победи, таму конечно е разобличен. Јасно е, победуваме ние, победува македонскиот народ, затоа што овој пат по кој одиме мораме и да го продолжиме. Со какви методи се служеа, тепаа студенти, тепаа стечајци, тепаа пратеници, го убија Нешковски, правеа терор врз неистомисленици, нападаа советници во општина Центар, уриваа објекти, апсеа бремени жени, прислушуваа 20 000 граѓани, пишуваа казни на кого ќе стигнат, рекетираа фирми, затворија медиуми, спроведоа монструозна лустрација на Славко Јаневски и на Томе Серафимовски, еминетни наши дејци и академици. Да не го заборавиме ваквото злодело никогаш. Затоа нивната обнова е иста како нивната преродба, тоа е истиот режим“, ги повика Заев граѓаните да немаат дилема на овие избори, туку да гласаат за прогресивна, модерна, демократска и европска татковина.
ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев Избори 2020 СДСМ трибина Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.