Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев со програма на Владата: Се обврзуваме да влечеме напред секој ден и секој час

0
By Нова ТВ on August 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на влада, Зоран Заев до Собранието ги поднесе персоналните решенија за новиот министерски кабинет и програмата за работа за наредните четири години. Во изјава за медиумите тој го опиша изборот на кадри како одговорн и и отчетни кои ќе бидат во функција на граѓаните, откако, како што рече, „граѓаните на 15 јули на фер, слободни и демократски избори го потврдија правецот и го искажаа својот став“.

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна која ќе ги гарантира стратешките определби, односно членство во НАТО и во ЕУ, добри меѓусоседски односи, справување со корона-кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции.

Мандатарот очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери да даде доволно време за пратениците да можат добро да се запознаат со предлог програмата, но, исто така, и со биографиите на предложените кандидати. Исто така, очекува квалитетна дебата во Собранието и дека новата Влада ќе го добие потребното мнозинство по што веќе од следната недела ќе биде посветена на реализација на програмските определби.

„Со мене денеска се 19 министри и министерки. Сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред секој ден, секој час, дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро и дека ќе побараме од секој од вас, од секој граѓанин уште поголемо учество“, рече Заев.

Според него, програмата за работа на Владата во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии кои се дел од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на судството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери.

„Сите коалициски партнери сме согласни посветено да продолжиме на реализацијата на договорите со Република Грција и со Република Бугарија кои донесоа влез во НАТО и одлука за почеток на преговорите со ЕУ, како и на Охридскиот рамковен договор кој е темелот на заедничкото живеење во мир. Имајќи го предвид периодот во кој се наоѓаме и состојбата со Ковид-19, новата влада ќе се посвети на сериозни инвестиции во јавното здравство за да имаме уште повеќе подготвени капацитети и мотивиран кадар кои ќе се борат против корона вирусот“, рече Заев.

Како еден од столбовите е и борбата против загадувањето преку суштински политики и инклузивен процес на мобилизација на сите расположливи капацитети. Ги повика граѓаните за поддршка во оваа борба.

„За остварување на овие определби денеска до Собранието предлагам одговорни професионални и отчетни кадри кои ќе ги задолжам со конкретна мисија и цели во ваше име, почитувани граѓани, и кои ќе имаат задача да работат исклучително и исклучиво за граѓаните и исклучиво за европската трансформација на нашата земја“, рече Заев.

Заев изјавата ја даде пред главниот влез на Собранието, а со него беа има 19 министри, колку што ќе има новата Влада, наместо досегашните 26.

СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност.

Покрај Заев како премиер, членови на Вадата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

ДУИ во Владата ќе има шест члена. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, а Насер Нуредини – министер за животна средина. Министер за информатичко општество и администрација, како што објавија од ДУИ, ќе биде Јетон Шаќири.

Зоран Заев го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски на 13 август, по што имаше рок до 2 септември за доставување на предлог-составот и програма на Владата. Според уставните и законските одредби, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Владината коалиција што ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно мнозинство од 62 пратеника.

Влада Зоран Заев Македонија министри предлог програма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.