По средбата претпладнево со амбасадорката на Португалија во земјава, Марија Виржиња Пиња, премиерот Зоран Заев отпатува за Амстердам на покана на неговиот холандски колега, Марк Руте.
Двајцата премиери, покрај планираната средба, попладнево (18 ч.) ќе бидат и на „Јохан Кројф арена“ и заедно ќе го проследат натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Холандија и Македонија во рамки на последното коло од групната фаза (Ц група) на Европското првенство.