Резултатите од денешните избори во Германија се следат и во германската амбасада во Скопје во присуство на гости, меѓу кои и лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во друштво на амбасадорката Анке Холштајн.
Двајцата ривали на политичката сцена, овојпат во опуштена атмосфера ги следат информациите од Германија, каде 64 милиони лица со право на глас денеска бираа нов состав на Бундестагот и наследник на Ангела Меркел на функцијата канцелар.
Првите излезни анкети од изборите во Германија укажуваат на мртва трка меѓу ЦДУ и СПД.