Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ќе се најде време за интерпелација за Владата, нема нови избори

0
By Нова ТВ on April 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 2, 2018 14:44

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на опозицијата да се врати во Парламентот, истакнувајќи дека така ќе има функционална демократија и тоа е минимум нешто што граѓаните на Република Македонија го очекуваат. Оцени дека дијалогот со опозицијата се движи во добар превец.

– Работните групи работат и голем дел од законските решенија се усогласени, а некои веќе се и комплетно усогласени. Тоа значи дека очекувањата се дека до 17 април до Извештајот на ЕК да ги донесеме законските решенија во Парламентот. Претседателот на Собранието ми рече дека планира на 10 април нова седница на која ќе бидат на дневен ред овие решенија, кои се дел од пакетот 3-6-9 и се дел од севкупните реформи во Македонија и се веќе усогласени со опозицијата, рече Заев.

Во врска со најавите за интерпелација на Владата и барањето на опозицијата оваа точка да биде ставена пред седницата за реформските закони, Заев кажа дека верува оти ќе се најде време и за потребите на опозицијата и за реформите.

– Секако нивно право е да се поднесе интерпелација на Владата, но истовремено мораме да водиме грижа и за самите закони да се донесат до предвидениот рок, затоа што не би сакале на ниту една земја членка на ЕУ да и оставиме причина за изговор за што било кога веќе ги имаме усогласено законите. Јасно е дека постои скоро комплетен консензус во Парламентот да се донесат ваквите решенија, рече премиерот.

Во врска со информациите за разговори за проширување на парламентарното мнозинство, Заев повтори дека разговара со пратеници, дел се од партиите на Албанците, а дел од помалкубројните други етнички заедници во Република Македонија.

Изрази надеж дека владејачкото мнозинство ќе успее да го зголеми бројот на пратеници што ќе значи стабилност на парламентарното мнозинство и на владините политики во време, како што кажа Заев, кога се очекува решение за спорот за името, датум за почеток на преговори со ЕУ, поканата од НАТО…

Заев кажа дека е оптимист дека парламентарното мнозинство ќе се прошири, посочувајќи дека разговара со пратениците на поделената БЕСА, која според премиерот има блиски ставови со оние на власта, потоа со ДПА која со своите еден или двајца пратеници поддржуваат одредени политики на Владата. Турската демократска партија, исто така, а гледа, како што кажа, амбиент и во некои други пратеници во Парламентот што би поддржале вакви политики.

– Моја перцепција и перцепција на Владата е дека не треба секогаш да се брза на парламентарни избори. Вака споделената информација за бизнис секторот значи стабилно да планира, граѓаните исто така да ги планираат своите активности, сите чинители во Република Македонија и го кажувам тоа што зависи од мене. Секако, ако некој друг провоцира, направи пресија или има причини за таа работа, ја оставме отворена можноста, рече Заев.

Заев избори интерпелација опозиција парламент парламентарно мнозиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.