Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, од 17 до 23 септември.
Во делегацијата, покрај Заев ќе бидат и министерот за надворешни работи Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува на свеченото отворање на работата на Генералното собрание и ќе настапи со свое излагање на тематската конференција „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон.
За време на Генералното Собрание на ОН, тој ќе има работен ручек со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и повеќе билатерални средби, меѓу кои и со Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка, Малта, како и Претседателот на САД, Доналд Трамп.