Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Очекувам политичко насилие со политичко надгласување во ДИК

0
By Нова ТВ on April 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2016 15:12

Меѓународната заедница, граѓаните и медумите будно да ја следат работата на Државната изборна комисија, повика денеска опозицискиот лидер Зоран Заев. Тој изрази сомнеж дека можно е во ДИК да се случи политичко насилие со политичко надгласување, со што би се одлучило голем број спорни гласачи кои треба да се избришат, всушност да опстојат на избирачкиот список.

-Јас за жал очекувам дека ДИК  денеска со мнозинство гласови да гласа дека треба да опстојат. Овој врв на апсурдност и катарза  се надевам ќе биде овозоможена да се случи пред  граѓаните, ако не дај боже токму тоа се случи. Очекувам политичко насилие со политичко надгласување во независната ДИК, ако тоа се случи тоа е врв на апсурдноста.

Секако само по основот на прашањето „Никој не живее на наведената адресата/ на адресата не живее лице со наведените податоци и испитанокот живее тука, но починал се вкупно 10 938 гласачи и тие треба да се избришат. На прашањето „Испитанокот живее тука и се иселил во друга адреса или од странство“, некаде е бројка од 27 317 гласачи.

Зарем тоа не е доволен основ тие граѓани да имаат право на глас, но да бидат во вториот дел на Избирачкиот список како граѓани кои живеат надвор од Македонија, а се со праов на глас. Очекувам ДИК да работи по закон и методологија, на јанви седници пред очите на македонската јавност, порача Заев.

Опозицијата останува на ставот дека минимум услови за фер избори се реформи во медиумите, разграничување на партијата од државата и регуларни избори со прочистен Избирачки список. Токму во таа насока, вели Заев се и преговорите кои се одвиваат со меѓународната заедница по одлуката опозицијата да не учествува на избори.

На новинарско прашање дали е можно Собранието да се свика повторно, откако веќе е распуштено, Заев тврди дека тоа е законски возможно.

-Правото да распише избори Вељаноски го црпи од пратеничкиот мандат, тој знам дека ќе патува на 14. април. Тоа е поради пратеничкиот мандат кој е еднаков со сите пратеници. уставот и законите ниту забрануваат – ниту прават пречка за свикување на Собранието. Пратениците имаат мандат до изборот и верификацијата на новите пратеници. Согласно тоа постои отворена врата Парламентот да се свика, ако не друго поважно од тоа дека нема обезбедено услови за регуларни избори – здравје, значи пресериозна е причината за свикување на Парламентот.

Што ако деветте члена на ДИК си дадат оставка во моментот? Дали тоа значи дека нема правен механизам – се свикува Собранието и бира нови членови на ДИК и тоа е апсолутно дозволено, секако, ако постои само политичка волја, смета Заев.

Во моментов тече и јавната седница на Државната изборна комисија на коај се разгледува прогресот во Избирачкиот список, а до распишување на изборите остануваат уште 4 дена.

Од одлуката на ДИК ќе зависи дали изборите ќе се одржат на 5. јуни или не, а претседателот на ДИК – Александар Чичаковски минатата недела изјави дека тој нема да стави потпис на Избирачкиот список, дури ако на него има и само еден спорен гласач.

Инаку на Граѓанската платформа за демократска Македонија за враќање на слободата и демократија, која ја потпиша лидерот на СДСМ со дел од партиите, а се однесува на бојкот на изборите, од денеска се приклучува и Партијата за европска иднина на Фијат Цаноски. Заев посочи дека можно е коалицирање со Цаноски на следните избори кои би се одржале во фер услови.

Од друга страна, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека условите се исполнети и изборите треба и мора да се одржат на 5. јуни.

 

 

 

Дик Заев избори СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.