Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: По признанието на Николов треба пријави за тие што го наведувале

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште за „Поткуп“ изјави дека од денешното сведочење на единствениот сведок за обвинувањето дека барал мито можеле да се видат признанија од сведокот дека бил инструиран од МВР и ОЈО.

-Јас јавно прашав, а редот беше тој да каже дека се отворени други истраги и како тие се затворени пред тој да биде соработник на власта. Тоа требаше тој да го каже, но истрагата нека докаже како тоа се поклопува со ПИ мерките и неговото инволвирање во овој процес. Верувам дека после овие искази на сведокот треба да следуваат други пријави против службени лица за тоа како му се наредувало и објаснувано. Мојот адвокатски тим ќе одлучи како понатаму, рече Заев.

Во врска со тоа дали СЈО поседува „бомби“ во врска со овој случај, Заев рече дека има, дека ги слушнал и дека се работи за прислушувани разговори и пред и по овој перидо. Според него, овие ПИМ се нелегитимно набавени.

Претходно на рочиштето Заев му поставуваше прашања на Николов во врска со нивните средби, разговорите и директно го праша дали зел мито, на што Николов одговори со не.

Николов на прашање на судијката Добрила Кацарска која е дел од судечкиот совет, призна дека кога ја добил опремата од МВР одел кај Заев и го терал да одговара онака како што се случа на снимката од ПИМ и дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била целосна.

Во сведочењето на почетокот на рочиштето, Николов рече дека кога бил во МВР да го пријави случајот се сретнал со тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков. Во текот на сведочењето тој рече дека имал и други средби со Чавков, а со неговиот син договарал соработка за проект.

Претходно судот одлучи денеска да не биде пуштена целосната снимка од ПИМ, се додека Основното јавно обвинителство не добие писмена одлука од судот. Обвинителството побарало одлуката за објавување на снимката да ја добие на писмено, бидејќи ќе се жали на повисок суд.

Причина за тоа е затоа што станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот.

Одбраната прво побара таа да ја слушне снимката за да може подготвена да го испрашува сведокот, но барањето беше повлечено откако вториот адвокат на обвинетиот Зоран Заев кажа дека тој веќе ја имал слушнато целосната снимка.

Заев Местење Николов поткуп принзнаие сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.