Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Под уцени не разговараме и моја желба е ДУИ да оди во опозиција

0
By Нова ТВ on July 10, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sdsm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 10, 2020 21:44

Граѓаните за нас се граѓани и навистина адресираме исти планови, исти надежи, исти ветувања насекаде. Ако мое обраќање на сите наши трибини или било какви настапи во изминатиот период е некаде околу 30 минути, можеби две-три минути трошиме на ДУИ, но веројатно тоа минува кај луѓето заради тоа што сме сè уште актуелни коалициони партнери. Лично мислам дека е дефинитивно здраво и за државата и за ДУИ да минат во опозиција, 17 години власт е премногу долг период, особено имајќи предвид дека доаѓа време во кое што треба да работиме дома, истакна Зоран Заев вечерва на ТВ Телма.

„Се отворија процеси и против СДСМ, не само против ДУИ, има и пресуди како што има против СДСМ и против ДУИ. Бројките на почетокот од формирањето на коалицијата беа неприкосновени и како такви можете едноставно да влезете во коалиција со ДУИ и немате некоја посебна друга опција. Таа коалицијата беше изградена врз основа на вредности, на цели, на таргети. Исполнивме огромен дел од нив, навистина се донесоа сите историски одлуки, се завршија реформите во државата, условот кој што беше за добивање на одлуката за преговори, значително ја дигнавме економија, но меѓудругото видовме и слабости“, реле лидерот на владеачката партија.

Заев уште еднаш, како и претходно во кампањата, потенцира дека уцени „нема да се прифатат“, меѓутоа и дека се е отворено за разговор.

„Тие јасно испорачаа уценувачка порака. Под уцени нема да разговараме. Се е отворено за разговор и мојата желба е ДУИ да оди во опозиција. Сакам да покажам успех поради државата“, истакна претседателот на СДСМ.

На крајот на денот, додаде Заев, разбирам дека е легитимно да водат ваква политичка кампања.

„Така одлучиле, така е легитимно. Треба да прифатат дека и ние имаме легитимна кампања. За мене навистина граѓаните се граѓани без исклучок, без разлика од која етиничка припадност е. И сега ако некому паѓа тешко што таргетираме и граѓани од албанска етничка заедница, нека ми извини господинот Ахмети, но ова е иднината на државата. Ние сме мултиетничко општество, ова е единствената коалција во која стојат сите етнички заедници и тоа единство и сплотеност е гаранцијата за успех во иднина“, вели Заев.

ДУИ Зоран Заев Избори 2020 кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.