Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ударот што ќе го зададеме ќе биде шанса за ВМРО-ДПМНЕ да се обнови

0
By Нова ТВ on July 5, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sdsm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Отсекогаш сме биле заедно како етнички заедници. Со векови. Само лажните патриоти 11 години нè делеа. Но, падна едниот, сега ќе падне и другиот. ДУИ е на власт 17 години и здраво е да минат во опозиција. Ударот што ќе го зададеме на ВМРО ДПМНЕ е шанса за нивна реформа. Ќе победиме со разлика од 50.000 до 100.000 гласови, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната средба со граѓани во скопската општина Чаир.
„Како минува кампањата, така расте поддршката за нас. Се топат и разобличуваат како стиропорот од нивните фасади. Паѓаат од секој ветар и по секој дожд излегува нивното вистинско лице. Се обидуваат со гнасна и негативна кампања против мене, ама од мене нема спас. Уште ќе ме гледаат“, со оптимизам говореше Заев пред чаирчани и ги повика гласачите да ја дадат довербата за Никола Димитров и Мила Царовска во првата изборна единица и за Оливер Спасовски и Сања Лукаревска во втората единица.
Заев потсети на негативната кампања на ВМРО ДПМНЕ, но тоа е така затоа што, како што рече, опозицијата нема што да понуди кога настапува со истите кадри на Груевски.
„Јас сум им виновен за сите нивни неуспеси, за сите грозотии. Еве, виновен сум и за платите, за пензиите, за НАТО. Ама имаат во ВМРО-ДПМНЕ исцелител, па може ќе ме исправи и мене да не бидам веќе крив. Кормилото на шефот Груевски не функционира, компасот на ВМРО-ДПМНЕ не работи. Едната нивна носителка на листа кога се кандидираше за претседател на државата велеше Преспанскиот договор и Рамковниот договор се завршена работа, сега не било така, ќе ги поништела. Нема да ги поништи, нема ни шанса нема ни поддршка. Тоа се договори за мир, за стабилност, за мостови на пријателство, никој тоа не може да го поништи“, истакна Заев и повика граѓаните да се определат за европска и демократска држава, опција која ја нуди коалицијата „Можеме“.
Зоран Заев СДСМ трибина Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.