Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев во Србија: Секое прашање да се решава со дијалог

0
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со средбата со српската премиерка Ана Брнабиќ, премиерот Зоран Заев ја започна официјалната посета на Србија.

Како што соопштија од владината прес служба, по тет а тет средбата, двете владини делегации, одржаа заедничка пленарна средба, на која се разговараше за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на пријателските односи.

Со премиерот Заев во белград се и министрите за внатрешни работи и за информатичко општество, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски и државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

На пленарните разговори, премиерот Заев и премиерката Брнабиќ, и двете делегации разговарале за интензивирање на некои од заедничките постоечките проекти, како и за соработката на проектите на коридорот 10.

Во соопштението се истакнува дека премиерот Заев истакнал дека се уште има простор за продлабочување на економската соработка, особено во делот на инвестициите за кои информираше дека Владата на РМ со новата економска програма нуди отворени можности на тој план. Двете делегации се согласија дека посебен интерес во оваа насока е поддршката на бизнис иницијативите во информатичките технологии, старт-ап компании, технолошките паркови и иновативни технологии.

На пленарната средба меѓу двете делегации се разговараше за унапредувањето на заедниците на Србите и на Македонците во Република Македонија и Република Србија.

Двете делегации разговараа и за соработка во земјоделството со оглед на фактот дека двете земји имаат сериозни ресурси и потенцијали да бидат водечки земји во регионот, со заеднички проекти.

На средбата се разговараше и за соработката меѓу двете министерствата за внатрешни работи во делот на заедничката контрола на границите во однос на мигрантските процеси, како и за други прашања од инфраструктурно поврзување, односно за нови гранични премини за олеснување на секојдневието на граѓаните во граничните подрачја.

Заев и Брнабиќ се договориле да почнат подготовки за заедничка седница меѓу двете влади што ќе се одржи следната година во Белград.

Интервју за Политика

Во интервју за весникот „Политика“ , Заев вели дека во Белград се чувствува како во свој дом, а во Србија допатувал со цел да се  унапредат односите меѓу двете пријателски држави и да се развие соработката на ниво кое го заслужува вековното пријателство меѓу народите на двете земји.

-И Македонија и Србија имаат потреба за мир и стабилност во своите држави, како и во регионот и во светот, бидејќи само регионален и светски мир значи вистински безбеден „дом“. Начините како да се гарантира мир и стабилност се всушност политичките одлуки, но се додека сме заедно и на страната на мирот – немаме проблеми, оценува Заев.

Премиерот Заев се согласува дека македонскиот и српскиот народ ги спојува историско и културно минато, врз чии темели може да се гради иднината.

-Секоја идеја, предлог или чекор кои водат кон овие цели се вредни за разгледување. Едно знам: Ова се времиња кои поттикнуваат развој, моменти кои не смеат да се пропуштат. Свесни сме за тоа, ќе преземеме акции, а ефектите ќе ги почувствуваме и ќе бидеме горди на нив, бидејќи за тоа ќе бидеме заслужни заедно, додаде Заев.

Посета по тензичен период

Посетата на премиерот Зоран Заев на Белград доаѓа по тензиите меѓу двете држави, што започнаа со изјавата на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ на почетокот на годинава дека Србија направила грешка што ја признала Македонија под уставното име, а не како БЈРМ, поради најавите дека Македонија ќе гласа за прием на Косово во УНЕСКО.

Тензиите продолжија и за време на претседателската кампања во Срија кога тогашниот преиер и кандидат за претседател, сегашниот претседател на Србија Александар Вучиќ изјавуваше дека „не сака македонско сценарио“.

Односите кулиминираа со аферата со српскиот разузнавачот Горан Живаљевиќ кој работеше во Амбасадата на Србија во Скопје и кој беше во Собранието за време на настаните од 27 април и повлекувањето на дипломатскиот персонал од српската Амбасада во Скопје на 20 август.

Дипломатскиот спор кој траеше 48 часа, а се однесуваше на наводно прислушување на Амбасадата и персоналот, беше решен со директни разговори меѓу претседателот на Србија и премиерката на Србија Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ со македонскиот премиер Зоран Заев, и со средбата на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Ивица Дачиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ на 26 август на Средбата на премиерот од Западен Балкан во Драч го покани македонскиот премиер Заев да ја посети Србија во ноември.

Белград Брнабиќ Заев средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.