Вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, на Дубровничкиот форум на регионалните политичари што се одржа викендов истакна дека Балканот претрпел големи измени во последните 20 години.

Во тој контекст таа говореше и за договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.

– Само за пет месеци од неговото потпишување, трговската размена ни се зголеми за 12 отсто, а размената на туристи се зголеми за 10 насто. – изјави Захариева, која наедно и посака успех на Македонија при гласањето на референдумот закажан за 30 септември.

На ова реплицираше вицепремиерката на Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Се согласувам со Екатерина – многу не критикуваа пред потпишувањето на договорот со Бугарија, но сега граѓаните на двете земји гледаат дека тој е гаранција за стабилност. Не постојат замрзнати конфликти, туку замрзнати решенија – рече Шекеринска.