Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши атлетското ЕП во сала во Белград: Полјаците најуспешна нација

0
By Нова ТВ on March 6, 2017 СПОРТ
Фото: belgrade2017.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 6, 2017 01:47

Полска ја има најуспешната репрезентација по бројот на освоени медали на 34. Европско атлетско првенство во сала што синоќа заврши во Белград. Нејзините претставници освоија вкупно 12 одличја од кои седум златни, едно сребрено и четири бронзени. Втора е Велика Британија со 10 (пет злата, четири сребра и една бронза), а трета на листата е Германија со 9.

Македонија во Белград имаше двајца претставници. Сашо Голубиќ учествуваше во квалификациите на 60 метри и заврши на 24 место во вкупниот пласман во конкуренција на 26 тркачи. Времето што притоа го оствари беше 7,07 секунди што е за 46 стотинки послабо од она на шампионот Ричард Килти од Велика Британија (6,61 секунди). На последните две позиции се најдоа репрезенти од Сан Марино (Франческо Молинари) и од Гибралтар (Жераи Торес).

Мартина Мироска се појави во квалификациите во скок во далечина и го освои 17, последно, место. Пет метри и 58 сантиметри прескокна македонската репрезентативка или 1,45 метри помалку од Србинката Ивана Шпановиќ која се закити со златниот медал во дисциплината и постави нов светски рекорд во сала (7,03 метри).

Домаќин на наредниот шампионат ќе биде Глазгов во 2019 година.

Британката Мјур и Шпанецот Мешал победија на 3.000 метри

Лора Мјур замина од Белград со злато и на 3.000 метри од последниот натпреварувачки ден. Британката ја мина делницата за 8:35,67 минути што е нов рекорд на шампионатите. Таа претходно победи и на двојно покусата патека.

Сребрениот медал го освои Турчинката Јасемин Џан со време 8:43,46 минути, а сонародничката на Мјур, Ејлиш Меколаг стигна трета на целта (8:47,43 минути).

Најбрз во машката трка на 3.000 метри беше Шпанецот Адел Мешал. Резултатот со кој стигна до златниот медал беше 8:00,60 минути пред Хенрик Ингебригсен од Норвешка (8:00,93 минути) и Германецот Ричард Рингер (8:01,01 минути).

Португалецот Евора со најдолг трискок, Селина Бишел го одбрани тронот на 800 метри 

Нелсон Евора од Португалија е нов европски атлетски првак во трискок во сала. Во тоа успеа по изведбата од 17,20 метри. Италијанскиот ветеран, 40 годишниот Фабрицио Донато го однесе сребренот медал (17,13 метри), бронзениот заврши на градите на Макс Хес од Германија (17,02 метри).

Селина Бишел ја одбрани титулата на 800 метри. Финалната трка ја истрча за 2:00,38 минути за нов национален рекорд на Швајцарија. Само една стотинка (2:00,39 минути) по неа низ целната линија мина Британката Шилејна Оксан-Кларк, а со бронзата се закити Анита Хинриксдотир од Исланд (2:01,25 минути).

Златото во двете штафети и во скок во височина во Полска

Полска триумфира во двете финални штафетни трки на ЕП во сала во Белград. Најпрво победија атлетичарките на 4х400 метри со време 3:29,94 минути пред нивните колешки од Велика Британија (3:31,05 минути) и од Украина (3:32,10 минути).

Полската химна беше интонирана и во чест на машката штафета 4х400 метри. Тие делницата ја совладаа за 3:06,99 минути, втор беше тимот на Белгија (3:07,80 минути), место на подиумот обезбедија и Чесите (3:08,60 минути).

атлетика Белград ЕП во сала медали Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.