Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши самитот Г-20 во Осака: Заложби за нула штетни гасови до 2050 година

0
By Нова ТВ on June 29, 2019 СВЕТ
Фото: nst.com.my
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 29, 2019 11:33

Лидерите на земјите од групата „Г-20“ на самитот во Осака усвоија заеднички пристап за решавање на проблемите и истовремено да не ги зголемат постојните разлики, рече јапонскиот премиер Шинѕо Абе, на крајот од самитот.

„Постојат многу различни мислења за „Г-20“. Велат дека е тешко да се најде заеднички став во овој клуб. Но, многу е важно што можевме да најдеме заеднички пристапи за многу проблеми“, порача Абе на прес-конференција.

Во заедничкото соопштение од самитот, лидерите се заложија за промовирање „слободна, фер и недискриминаторска трговија“ и ветија дека ќе ги користат „сите политички средства“ за поддршка на глобалната економија, во услови на постоечки ризици.

Лидерите на Г-20 се обврзаа и дека ќе се борат против климатските промени, обидувајќи се да ги намалат емисиите на гасови работејќи на финансирање на одржлив развој и подобра иновација.

Во соопштението, исто така, се наведува дека ќе се разгледа широк спектар на чисти технологии и пристапи, вклучително и „паметни градови, екосистеми и пристапи базирани на заедницата“.

Од друга страна, САД во комуникето ја повторија својата одлука да се повлечат од Парискиот договор за климатски промени, „затоа што ги уназадува американските работници и даночните обврзници“.

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави заедничкиот став за климатските промени од последниот самит во Аргентина и тоа што 19 земји се обврзаа да го почитуваат Парискиот климатски договор, освен САД кои останаа против. Таа додаде дека некои лидери во Осака веќе ја најавиле својата подготвеност да ја зголемат заложбата за намалување на емисиите на штетни гасови на нула до 2050 година.

Ангела Меркел Г-20 клима Осака Самит Штетни гасови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.