По 20 дена, заклучно со 9.септември, заврши јавниот увид во Избирачкиот список. Вкупно 21.594 граѓани извршиле увид соопшти Државната изборна комисија.
Во овој период донесени се 65 решенија за запишување во Избирачкиот список, 22 решенија за бришење и 133 решенија за промени на податоци во Избирачкиот список.
На електронската апликација Избирачки список во овој период извршени се 203.191 проверка.
Најдоцна до 14 септември, Државната изборна комисија ќе го достави Избирачкиот список на увид на политичките партии.
Политичките партии во рок од пет дена од добивањето на Избирачкиот список, односно најдоцна до 19 септември, можат до ДИК да поднесат барања за запишување, бришење или промени на податоци. По овие барања ДИК ќе одлучи во рок од три дена.
Избирачкиот список во кој се вклучени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК ќе го заклучи најдоцна до 24 септември.