Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеќири препозна двајца од обвинетите кои го изнеле Села од салата

1
By Нова ТВ on April 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот Мухамед Зеќири во својство на сведок на денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села го препозна обвинетиот Александар Јаневски-Тошта.

На сослушувањето, Зеќири посочи дека Села бил удрен со тврд предмет, но оти не можел да види кој го фрлил. Според Зеќири, обвинетиот Јаневски, кој тој ден носел црн елек и очила, го повлекол Села за рака и го изнел надвор од прес-салата.

За време на сослушувањето, Зеќири рече дека кога толпата влегла во прес-центарот во Собранието, тој бил во една од кабините за превод во галеријата и оти откако Села го изнеле од прес-салата, веќе не го видел. Зеќири посочи дека дел од пратениците кои го виделе Села, мислеле дека станува збор за него, бидејќи и двајцата имаат иста долга коса.

– Од колешка новинарка на мојот мобилен телефон добив порака дали е точно дека Села е мртов. Јас и одговорив дека не знам, рече Зеќири.

Тој го посочи и обвинетиот Сашо Сенков, за кого рече дека откако првиот го фатил за рака, му се доближил заедно со други лица со цел да го изнесат надвор од прес-центарот.

Зеќири рече и дека од кабината каде бил, слушнал како толпата го бара и него.

– Јас лично не бев нападнат бидејќи толпата не стигна до мене, истакна Зеќири, додавајќи дека бил во галеријата се додека не почнала евакуацијата.

На забелешка на одбраната дека во исказот пред ЈО не го објаснил извлекувањето на Села, Зеќири рече дека не се сеќава точно на исказот, но оти стои зад се што кажал пред обвинителството и пред судот.

Претходно, денеска сведочеше и Абдулфетах Аљими, како сведок на обвинителството. Тој препозна двајца од обвинетите – Александар Јаневски – Тошта и Кире Георгиевски.

Во овој случај обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.

27.април Мухамед Зекири сведочење Села судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.