Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ждрепка за Ф4 во Келн: Вардар со Монпелје по финале со т.н. „и-топка“

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 2, 2018 16:00

Европскиот клупски ракометен првак од 2003 година во улога на предизвикувач на актуелниот владетел на тронот. Монпелје ќе биде ривал на Вардар на 26 мај од 18 часот во една од двете полуфинални пресметки на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ). За вториот учесник во мечот за титулата ќе разигруваат ПСЖ и Нант на Кире Лазаров (26 мај, 15.15 ч.). Финалето на деветтото издание на завршниот спектакл во „Ланксес арена“ во Келн е закажано на 27 мај.

„Црвено-црните“ немаа посебни желби пред денешната ждрепка во хотелот „Радисон Блу“ во Келн. Свесни дека нема залутани екипи на настанот што ги обединува само најдобрите и најконстантните низ сезоната. Заклучокот го формираа од ланското лично искуство. И сами отпатуваа во Германија како дебитанти што на некој начин ги правеше и аутсајдери, а се вратија во Скопје со престижниот трофеј.

„Не знам зошто, но имав некое чудно претчувство дека ќе добиеме француски тим“, во шега искоментира Стојанче Стоилов алудирајќи на фактот дека и останатите два тима во Келн ќе отпатуваат од земјата на „триколорите“.

Вардар и Монпелје по петти пат ќе се соочат во Келн. Но, значењето на претстојниот натпревар е неспоредливо со претходните четири кои беа во рамки на групната фаза во сезоните 2014/15 и во 2015/16. Билансот е на страна на „црвено-црните“ кои трипати излегуваа како победници (34:26, 30:25, 30:26) и еднаш ремизираа (34:34).

„Сите екипи во Келн имаат по 25 отсто шанси за титулата. Лани бевме аутсајдери на турнирот, а успеавме да ја освоиме титулата. Ситуацијата овојпат е поинаква. Сега ќе патуваме како нејзини бранители“, додаде Стоилов по извлекување на полуфиналните двојки во ЛШ.

Монпелје е моментен лидер во францускиот шампионат и во Келн ќе патува како прв тим што успеал до Фајналфор од долниот дел на шампионскиот формат (групи Ц/Д) на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Тоа доволно говори за потенцијалот, сериозноста и амбициите на противникот кој не смее да се потцени.

„Следев нивни мечеви од оваа сезона меѓутоа како обичен гледач. За претстојниот ќе треба и детална анализа. Знам дека имаат различен состав од претходните години, дека играат со многу самодоверба што во голема мера им помогна во успешниот поход до Келн. Сигурно ќе бидат максимално мотивирани да продолжат и чекор натаму. Но, има време. Не сакам уште од сега да прогнозирам и коментирам“, истакна вардаровиот тренер, Раул Гонзалез.

Прв спектакл со топка со сензори што ќе дава информации во реално време

Фото: ehfcl.com

Фајналфор турнирот во Келн, според најавите на ЕХФ, ќе биде прв во европскиот спорт што ќе се игра со т.н. „и-топка“. Технологијата што ќе биде вградена во неа ќе дава информации во реално време како брзината на ударот, дистанца и позиција од каде е упатена кон противнички гол, место во целта што се гаѓа, итн.  На проектот се работеше во изминатите две години во ко-релација на маркетингот на ЕХФ, потоа „Селект“, производителот на ракометните топки, и „Кинексон“, германска компанија чија технологија за првпат ќе биде присутна на топ ниво во врвниот ракомет.

Лига на шампиони

Полуфинални двојки за Фајналфор турнирот во Келн

ПСЖ – Нант (26 мај, 15.15 часот)

Вардар – Монпелје (26 мај, 18 часот)

Финале: 27 мај (18 часот)

Вардар Лига на шампиони Монпелје ракомет Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.