Шкендија би можела на поправен со Номе Калју во третото квалификациско коло за Лига Европа. Ждрепката во Нион ги насочи тетовци на потенцијален нов двомеч со естонскиот клуб кој во првото коло на квалификации за Лигата на шампиони сензационално славеше на арената „Тоше Проески“ во Скопје со 1:2 и се најави на мегдан со Селтик.

Во случај, пак, на уште едно изненадување на популарните „пинк пантери“ од Талин, тогаш во фудбалскиот храм во Градски парк ќе гостува шкотскиот гигант од Глазгов.

Но, до него, како пречка, за тетовските „црвено-црни“ стои Диделанж. Првиот меч на македонскиот шампион со ланскиот учесник во групната фаза во ЛЕ е попладнево од 17.55 часот во Скопје, реваншот е на 30 јули (17.55 ч.) на стадионот „Жоси Бартел“ во Луксембург.

Двојки за трето квалификациско коло за Лига Европа

Шкендија (С. Македонија)/Диделанж (Луксембург) – Селтик (Шкотска)/Номе Калју (Естонија)

Сутјеска (Ц. Гора)/Аполон (Кипар) – ХБ Торшавн (Ф. Острови)/Линфилд (С. Ирска)

Арарат (Ерменија)/Линколн (Гибралтар) – Сабуртало (Грузија)/Динамо Загреб (Хрватска)

Пјаст Гливице (Полска)/Рига (Летонија) – Црвена звезда (Србија)/Хелсинки (Финска)

Клуж (Романија)/Макаби Тел Авив (Израел) – Тре Пене (Сан Марино)/Судува (Литванија)

Сараево (БиХ) – БАТЕ Борисов (Белорусија)/Розенборг (Норвешка)

Партизани (Албанија)/Шериф Тираспол (Молдавија) – Марибор (Словенија)/АИК Стокхолм (Шведска)

Слован Братислава (Словачка)/Фероникели (Косово) – Дандалк (Р. Ирска)/Карабаг (Азербејџан)

Валур (Исланд)/Лудогорец (Бугарија) – ТНС (Велс)/Копенхаген (Данска)

Санта Колома (Андора)/Астана (Казахстан) – Ференцварош (Унгарија)/Валета (Малта)