Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Рангелова ми рече да излезам да се соочам со демонстрантите

0
By Нова ТВ on December 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, за време на денешното сведочење во Кривичниот суд во врска со обвинението на Специјалното јавно обвинителство рече дека очигледна била комуникацијата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ со насилните граѓани кои протестираа пред Општината во јуни 2013.

Жерновски потсети дека протестите се одржувале надвор од бараката за време на закажаната седница кога било предвидено да се поништат Детални урбанистички планови. Со нивното поништување ќе биле стопирани нови градби на територијата на Центар, но не и веќе започнатите. Тој нагласи дека не било предвидено запирање на црквата, туку само незапочнати градби предвидени во Мал ринг.

Според неговото сведочење секој пат кога ќе се направеле услови за одржување на седницата, советниците на ВМРО-ДПМНЕ им сугерирале на демонстрантите да го интензивираат протестот.

-Пратеничката Даниела Рангелова ме повика да излезам и да се соочам со насобраните граѓани. Не треба да се поседува големо политичко искуство за да се разбере таквиот повик – рече Жерновски.

Тој сведочеше дека почувствувал несигурност, дека биле заложници во бараката затоа што демонстрантите не им дозволувале да излезат. Жерновски рече дека почувствувал страв поради ограниченото движење. Нивните животи, рече, биле загрозени и додаде дека амбасадорите издејствувале да се смири ситуацијата. Насилниците, рече тој, фрлале со предмети кон местата каде седеле советници од коалицијата на СДСМ.

Тој забележа дека полициските службеници потфрлиле за време на протестот. Иако имало припадници на специјалните единици, сепак на насилниците им било дозволено да се доближат до бараката.

За полицијата, рече дека за време на првиот протест им дала некаква надеж дека ќе ги заштити, но на вториот, иако припадниците на МВР биле присутни не реагирале.

На прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи, што извикувале демонстрантите, Жерновски одговори дека извикувале „комуњари излезете надвор, вие ли ќе рушите црква“.

Жерновски потсети дека по завршување на настанот на прес конференции објавил фотографии од насилниците во друштво со функционери на ВМРО-ДМНЕ. Од МВР, рече, му одговориле дека насилниците се непознати, што според него е смешно бидејќи фотографиите ги откриваат.

Жерновски кажа дека во судница препознал двајца од обвинетите кои биле на насилните протести. Еден од нив е Димче Крстев за кој судењето беше одделено на првото рочиште бидејќи тој немаше адвокат и беше болен.

За обвинетиот Димче Крстевски, на кој дополнително ќе му се суди, Жерновски рече дека по грешка го нарекол антифашист за време на протестите.

-Му дале задолжение да довикне кон мене антихрист, но тој погреши и ме нарече антифашист, што за мене не е навреда – рече Жерновски.

Тој препозна уште еден од обвинетите за кој рече дека постојат слики и со Никола Груевски и со други од ВМРО-ДПМНЕ што е доказ за блискоста.

Поранешниот градоначалник кажа и оти организацијата која го најавила протестот со името „Веритас“ е всушност фантомска невладина бидејќи провериле и ниту постоела ниту била регистрирана во Централен регистар.

Судското рочиште за обвинението на СЈО по однос на насилствата во Општина Центар е прекинато бидејќи обвинетата Даниела Рангелова имала обврски и е презакажано за 18 декември. Денеска Жерновски одговараше само на прашањата на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, а на следното ќе одговара на прашањата на адвокатите.

Фетаи: Груевски е обвинет за дело за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години

Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи по денешното судско рочиште за предметот „Насилство во Центар“, рече дека Никола Груевски е обвинет за кривично дело „насилство“ според Кривичниот законок, за кое е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.

– Дејствијата кои му се ставаат на товар нему и на останатите обвинети се детално опишани во обвинителниот предлог по кој се постапува, рече Фетаи.

Оцени дека е позитивно тоа што денеска конечно почна изведувањето на доказите предложени од страна на Обвинителството.

– Беше извршено директно испитување на првиот сведок Андреј Жерновски. Наредниот пат продолжуваме со вкрстено испрашување на Жерновски од страна на адвокатите, како и со останатите сведоци предложени од наша страна, истакна Фетаи.

Груевски повторно обвини за политички прогон

Поминавме уште еден ден на судење кое е дел од политички прогон, изјави Груевски по денешното рочиште.

– Замислете во 21 век одиме на судење за протести на кои се искршиле стакла и сега бараат организатор на протестите. Апсурдна е ситуација зошто сведоци се нашите политички противници, рече Груевски.

Тој направи споредба со протестите на Шарената револуција кога беше демолирана канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов кога, како што рече Груевски, била запалена, а во истата зграда имало и станари кои можеле да настрадаат.

На новинарско прашање што е со снимката во која се слуша дека нарачува шамари за Андреј Жерновски, Груевски се насмеа и рече дека никој не добил шамар ниту бил направен обид некој да му удри шамар на Жерновски.

По рочиштето, пак, Андреј Жерновски рече оти очекува организаторите да се казнат.

– Се надевам дека исказот ќе придонесе организаторите да одговараат но и тоа што се случи да не се повтори никогаш повеќе, изјави тој.

Судењето се снимаше

Две камери денеска го снимаa судењето за случајот „Насилство во Центар“, во кој обвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште единаесет лица.

Како што објасни судијката Татјана Михајлова, судењето се снима со две рачни камери, но само визуелно, а не и тонски.

Кога судијката извести дека се снима, адвокатот на одбраната Димитар Дангов рече дека ако се снима судењето, тогаш не треба да се води записник на компјутер. Тој побара сите досегашни записници да бидат потпишани од сита странки, обвинители, обвинети и адвокати, бидејќи, како што рече, непотпишани немале важност.

Досега двајца признаа вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013- четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски, кои се осудени на по шест месеци условна казна и најавија дека нема да се жалат на првостепената пресуда.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

 

Даниела Рангелова Жерновски Насилствата во Центар рочиште сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.