Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жител на Раштак осуден на седум години затвор, се жали дека е наместен

0
By Нова ТВ on March 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 9, 2018 16:14

Драги Ѓорѓиевски, од селото Раштак, татко на пет деца, денеска со неколкумина членови на своето семејство протестираше пред Основниот суд Скопје 1 за, како што тврди, наместениот случај за поседување на нелегално оружје.

Ѓорѓиевски во 2015 година бил осуден на вкупна затворска казна од седум години за кривичните дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрснувачки материи“.

Тој веќе трета година ја издржува затворската казна, а деновиве е на четиридневен викенд отпуст од затворот и решил јавно да проговори за, како што вели, неправдата која му е нанесена од „поранешниот режим“.

Ѓорѓиевски тврди дека откако бил уапсен, по кратко време и осуден, оти поседувал старa автоматска пушка и пиштол, од времето на Втората светска војна, што ги нашол во стара куќа.

Откако го пронашол оружјето, раскажува, тој, пријавил во полиција, но наместо да дојдат веднаш,  полициска екипа по еден месец му тропнала на врата со налог за претрес.

„Од Сваровски судството дојдоа да ми извршат претрес за оружје кое еден месец претходно го пријавив. Наместо да дојдат веднаш и да постапуваат службено, тие дојдоа после еден месец за да го најдат како нелегално. Класична местенка ми е направена. Јас се спротиставив и со мојата ловечка пушка која ја имам со дозвола, застанав на прозор и реков дека нема да влезат додека не дојде телевизија. Немаше да ја употребам пушката, ми беше празна, јас не сум убиец. Сакав само да ги заплашам и да викнам телевизија за да ја кажам неправдата“, вели тој.

Веднаш бил притворен, а во судски процес, неколку месеци подоцна е осуден на седумгодишна затворска казна, оставајќи го своето семејство со петте малолетни деца.

Со Законот за амнестија што го донесе Собранието на предлог на новата Влада, Ѓорѓиевски добил намалување на казната за две години и еден месец, но, му остануваат уште две години за да ја отслужи целата казна.

Тој бара целиот случај да се разгледа одново и да се казнат лицата, кои, како што тврди, му го наместиле случајот и го пратиле во затвор.

Во пресудата, која НОВА ја доби од Ѓорѓиевски, меѓу другото стои дека, кога полициските екипи дошле да му извршат претрес на 2.јануари 2015 година, тој се појавил на еден од прозорците заедно со неговата сопруга, а во рацете држел малолетно дете и една пушка која ја вперил во полицајците и им се обратил со зборовите: „Нема да влезете, ако ја скршите вратата ќе пукам во вас и во сопственото дете“. По два часа разговор со полицијата, тој пуштил еден од полицајците дома, а потоа бил совладан од екипа на единицата „Алфа“.

Во неговиот дом покрај старата автоматска пушка и пиштолот, пронашле уште три парчиња оружје и муниција.

Ѓорѓиевски тврди дека останатото оружје го поседувал со дозвола, бидејќи речиси две децении бил ловџија.

Пресудата, како што стои во неа, била донесена по признание на вина, но, Шоршиевски потенцира дека на тоа се согласил, бидејќи судијката Лидија Петровска му рекла дека ако признае, ќе добиел помала казна.

Од Кривичниот суд Скопје, на прашање на НОВА велат дека во конкретниот случај пресудата била изречена по признание на вина.

„Како суд го почитуваме демократското право на секој граѓанин за ненасилен протест. Но, во однос на конкретната пресуда ве информираме дека истата е донесена врз основа на Признание на вина на обвинетиот за кривичните дела Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 и кривичното дело Спречување службено лице во вршење службени дејствија од член 386 став 2 од Кривичниот законик, а пресудата по поднесена жалба од 13.07.2015 година е потврдена од повисокиот суд и е правосилна. Секако на осуденото лице му стојат на располагање сите правни механизми кои може да ги вложи против изречената пресуда“, велат од Кривичен.

 

 

Драги Ѓорѓиевски затвор нелегално оружје пиштол пресуда претрес притвор пушка Сваровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.