Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зибери за РСЕ: Платформата им даде алиби за спас на Груевски и Иванов

0
By Нова ТВ on March 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 26, 2017 14:40

Партиите на Албанците на погрешен начин ја потпишаа и на погрешен начин ја презентираа платформата, а со тоа им даде алиби на претседателот Ѓорѓе Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ да се фаќаат за сламка за спас од состојбата во која се наоѓаат, вели поранешниот пратеник Насер Зибери во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Зибери, претставниците на меѓународната заедница постојано предупредуваат дека политичката криза може да прерасне во етничка. Си играат ли политичарите со оган?

Да, дефинитивно мислам дека политичкиот естаблишмент игра на една опасна карта, да искористи евентуален меѓуетнички конфликт за покривање на својот политички резултат кој досега го имаа. Сметајќи дека тоа ќе ги амнестира за направеното, односно ненаправеното, бидејќи во вакви матни ситуации, каде што веќе престануваат да функционираат институциите на системот и да важи уставно-правниот поредок, тогаш излезот од кризата се бара само со политички средства, а не по словото на Уставот и правниот поредок во земјата. Во тој случај мислам дека сметаат дека тоа би било излезно решение од ситуацијата во која се наоѓаат. Се разбира дека тоа е една многу опасна игра, бидејќи внесувањето тензија на меѓуетнички план, само по себе, продуцира нестабилност, со можности за безбедносни реперкусии за земјата, а тоа се разбира не оди во прилог на ниту една политика партија и на ниту една етничка заедница, ниту на целата држава.

Колку беше потребно во една ваква ситуација, да се инсистира на Платформата на партиите на Албанците во Македонија?

Прво мислам дека ваква платформа и начинот на кој беше презентирана, воопшто не беше потребна. Бидејќи прашањата кои стојат во таа декларација, која патем беше само потпишана во Тирана, зошто не може да се кординираат тука, заради овие анимозитети кои постојат меѓу политичките актери, како кај Македонците, така и кај Албанците, па требаше некој од надвор да ги седне, во случајот тоа беше Еди Рама, за да потпишат некоја изјава, која всушност по содржината не претставува спорно прашање по ниту една точка, освен прашањето на осудата на геноцидот врз Албанците, која е надвор од контекстот и политички и уставно-правен, бидејќи се повикува на периодот кога Македонија не постоела како држава. Сè друго е во рамките на политичките програми на тие политички партии, само тие на погрешен начин и дојдоа на консензус да ја потпишат и на погрешен начин ја презентираа, а со тоа им даде алиби на претседателот Ѓорѓе Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ да се фаќаат за сламка за спас од состојбата во која се наоѓаат.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, изјави дека стои зад договореното со СДСМ, но дека и ВМРО-ДПМНЕ треба да биде дел од решението. Игра ли Ахмети на двете страни?

Мислам дека ДУИ и Али Ахмети постојано се дел од проблемот. Не можеа да се одлепат од структурата која создава проблеми и понатака мислам дека со ваквите изјави само создаваат конфузија и даваат надеж на тие што се надвор од парламентарното мнозинство да притискаат и понатаму со протести и со ваква тензична атмосфера за да се постигне некоја цел, а таа цел би била седнување на преговори за наоѓање на некакво решение. Тоа би значело амнестирање на структурите кои се одговорни за кризата во која сме денеска, а тоа значи суспендирање на слободно изразената волја на граѓаните, а тоа значи конечно и груба повреда на уставните начела и принципи врз кои функционира државата. Тоа значи со еден збор – подигнување на политичката волја на одредени структури над Уставот и правниот поредок, што апсолутно е неприфатливо за една правна и демократска држава, каква што претендира да е Република Македонија.

Али Ахмети ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Насер Зибери Никола Груевски Платформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.