Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зидан се повлече од Реал, а кажа и зошто: Заситен сум, треба промена

0
By Нова ТВ on May 31, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 31, 2018 20:20

По три години, 149 натпревари на сите фронтови и девет освоени трофеи, Зинедин Зидан поднесе оставка на тренерската позиција во Реал Мадрид. Одлуката што францускиот менаџер ја обелодени на вонредна прес-конференција во Мадрид, одекна како бомба во светската фудбалска јавност, беше дочекана во шок од навивачите на „кралскиот“ клуб, а го изненади и првиот човек на тимот од „Сантијаго Бернабеу“, Флорентино Перез.

„Едноставно сум заситен. Го сакам Реал Мадрид и затоа се повлекувам бидејќи тимот треба да продолжи по победнички патеки, а јас не гледам начин, мотив и визија за четврта титула во низа во Лигата на шампиони. Во денешно време тоа е невозможна мисија од причина што многу екипи играат врвен фудбал. Затоа и заминувам оти сметам дека е потребна промена на екипата“, се обрати Зидан пред преполната сала со новинари во Мадрид.

Ваквиот негов потег дојде во најнеочекуван момент. Се случува на само неколку дена од големиот триумф над Ливерпул во Лигата на шампиони за трет освоен „пехар со уши“ на „кралевите“ во серија што Французинот го прави прв менаџер со таков подвиг. И не само тие. Потегот на Зидан е неочекуван и за двете круни на Светските клупски првенства, двата Суперкупа на УЕФА од кои едниот беше освоен лани на „Телеком арена“ во Скопје по победата над Манчестер јунајтед, потоа шпанската Суперкуп титула и во Примера.

„Ако по три години не гледам јасен начин како да продолжиме да победуваме или како јас би сакал, тогаш е вистински момент за разделба и промена. Јас сум победник и мислам дека екипата тешко ќе продолжеше со победи ако останев. Донесов ваква одлука затоа што го сакам Реал и претседателот Перез на кого сум благодарен за сè досега“, заклучи Зидан за добивање на гласен аплауз од новинарите како што ги собираше и од трибините за секоја негова мајсторија од времето во копачки.

Неговата одлука е конечна и неотповиклива, па станува јасно дека Реал Мадрид ќе мора во нова ера под водство на друг кормилар за кого Флорентино Перез ќе треба што поскоро да тргне во потера.

Перез: Изненаден сум, ова е тажен ден за мадридистите

Набрзо по објавата на Зидан се огласи и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој не криеше изненадување од потегот на Французинот. Иако не очекувал ваков расплет, сепак, истакна дека го почитува ставот на досегашниот тренер на „кралевите“ и го прифаќа со жалење.

„Ова е неочекувано за сите нас, ова е тажен ден за сите мадридисти. Сакав Зидан засекогаш да остане со нас. Реал засекогаш ќе биде негова куќа. Благодарен сум на сè што стори за нас“, истакна Перез.

Медиумите, сепак, изразуваат сомнеж дали изнесената причина на Зидан за заминување од Реал е вистинска. Она што го нагласуваат како факт е состанокот меѓу Перез и Французинот зад затворени врати по што дојде до свикување на вонредна прес-конференција на која поранешниот репрезентативец на „триколорите“ објави дека денешниот ден му е последен работен на „Сантијаго Бернабеу“.

Зинедин Зидан оставка Реал Мадрид Флорентино Перез фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.