Унгарскиот гимнастичар Силвестер Чолани (52), освојувач на златен медал во дисциплината кругови на Олимписките игри 2000 во Сиднеј, почина денеска по едномесечните компликации од коронавирус.

Освен златото од Сиднеј, еден од најуспешните унгарски гимнастичари, во својата кариера освои и олимписко сребро четири години претходно во Атланта, а беше и светски првак во 2002 година на првенството во Дебрецин.

Чолани се пензионираше во 2004 година и оттогаш беше во детска гимнастика.