Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ и ССНМ на средба кај Заев: Слободата на медиумите е итен приоритет

0
By Нова ТВ on June 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Измени на Кривичниот закон и зголемени казни за напади врз новинари и медиумска работници, бесплатен пристап до Централниот регистар и катастар за истражувачките новинари и скратување на рокот за пристап до тие информации за новинарите – се само дел од барањата кои денес Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) и на медиумски работници го побарале од премиерот Зоран Заев.

Двете организации соопштија дека претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис и претседателот на ЗНМ Насер Селмани му ги презентирале на премиерот «приоритетите неопходни за подобрување на состојбата со слободата на медиумите».

Во тие приоритети ЗНМ и ССНМ сметаат дека Македонија не смее повеќе да биде земја во која има новинар кој е во затвор и земјата мора да се искачи на високо место во светското рангирање за слободата на медиумите.

Да потсетиме дека новинарот Зоран Божиновски се товари за три дела, но неговата постапка беше во прекин затоа што српските власти кои го уапсија во 2013 година не ѝ го испорачуваа на Македонија сѐ до март годинава, кога во „брза“ постапка, за само еден ден, беше екстрадиран. Тој е еден од осомничените во аферата „Шпион“.

А во однос на слободата на медиумите Македонија годинава се најде на 111-то место од 180 земји во светот според новиот индекс на меѓународната организација „Репортери без граници“. Според нив, медиумските слободи назадувале во целиот балкански регион, но ерозијата на правото била највидлива во Македонија. Овој пад мора да биде сопрен а медиумите да ја вратат својата слобода на изразување.

Чаусидис за НОВА вели дека во владината програма има ветувања за подобрување на условите за работа на новинарите. Но, тие заложби мораат итно да бидат спроведени.

“Итно да се спроведе обврската за скратување на рокот за пристап до документи од Централниот регистар и катастар за истражувачките новинари од сегашните 30 на 15 дена а побаравме и измени на законот за транспаретност на институциите. Побаравме исто така измени во Законот за работни односи за да се подобрат работните права на новинарите и медиумските работници”, вели Чаусидис.

Од двете новинарски организации беа понудени конкретни решенија за финансирање на медиумите и реформата на јавниот сервис.

Според Чаусидис, ЗНМ и ССНМ бараат од новата Влада јавниот сервис Македонската радио-телевизија (МРТ) да има и политичка и финансиска независност и да не се враќа рекламирањето на Владата на МРТ кое е сега под мораториум.

Соопштението од Владата по оваа средба ја пренесува изјавата на премиерот Заев:

„Владата е подготвена во соработка со новинарските здруженија и организации да спроведе итни и квалитетни медиумски реформи. Граѓаните имаат право да бидат навремено и точно информирани. Лошата состојба со медиумите во Македонија, констатирана во извештаите на сите домашни и меѓународни организации, оваа Влада ќе ја смени. Целта на новата Влада е да го заштити достоинството на новинарите и медиумските работници, тие да работат без притисоци, слободно и професионално. За таа цел ќе ги земеме предвид приоритетите изложени од ЗНМ и ССНМ како неопходни во медиумската сфера“, рече премиерот Заев.

“Премиерот Заев и министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, транспаретност и отчетност се обврзаа на отворени комуникации, целосна транспарентност и отчетност на Владата и на институциите”, вели Владата.

ЗНМ и ССНМ веруваат дека нивните барања ќе бидат конечно реализирани и дека тоа ќе се случи брзо бидејќи ситуацијата во македонските медиуми мора итно да биде подобрена.

ЗНМ Зоран Божиновски Зоран Заев медиуми МРТ реформи ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.