Заменик-градоначалникот на Пекинг, Џан Џиандун изјави дека отворањето на Олимпиското село за Игрите во 2022 година е закажано за 27 јануари 2022 година.

Официјалното отворање на Олимпиското село ќе се случи на 27 јануари наредната година за да ги пречека спортистите од целиот свет. На 2 февруари ќе тргне штафетата на олимпискиот факел, изјави Џиандун.

Зимските олимписки игри во главниот град на Кина ќе се одржат од 4 до 20 февруари во 2022 година. Организаторот на Олимпијадата, вчера го прикажа дизајнот на медалите кои ќе се доделат на најуспешните спортисти.