Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за земјоделство контра Николовски: Работиме по закон

0
By Нова ТВ on November 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 14, 2016 16:20

Во демант до медиумите, од Министерството за земјоделство (МЗШВ) велат, дополнителиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска уште еднаш скандалозно се однесувал заради лична промоција.

Николовски денеска во јавноста објави дека фирмите „Трансмет“ и „Силекс неметали“ добиле тендер од 25 милиони евра, а кои се во сопственост на „Силекс  АД“, каде што Михаил Цветков во исто време бил член на одборот на директори и министер.

Во демантот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упатува  го прашува Николовски дали јавните набавки требало да ги спроведуваат законски за најповолна понуда или со субјективна селекција на компаниите.

Според Министерството со кое раководи Цветков, се што беше кажано од Николовски немало врска со вистината, а активностите за реализација на градбата на брана Речани се започнати од 2013 година.

– Владата уште во 2013 година го задолжи МЗШВ да го објави тендерот за изградба на пристапен пат до браната на Оризарска река, а во 2014 година да достави информација за прогрес на проектот брана на Оризарска река. Изградбата на брана на Оризарска река е ставена и во 10-годишниот План на Владата за инвестирање во водостопанската инфраструктура за период 2015-2025 година.  МЗШВ редовно доставува информации до Владата, која на 25.февруари 2015 година го задолжи Министерството да ги преземе сите активности во насока на објавување оглас за изградба на брана Речани на Оризарска река, а во април 2015 година со донесувањето на Планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура, го прифати и го одобри инвестирањето на овој Проект за период од 2015 до 2020 година, се вели во демантот.

Оттаму велат дека со тоа што огласот бил одобрен во декември 2015 година, Министерството побарало дополнително одобрение за повеќегодишното финансирање поради репрограмирање на финансиските средства, согласно одобрениот план за инвестирање од периодот 2015-2020 за периодот од 2016-2020 година.

– Постапката за избор на најповолен изведувач се одвиваше во две фази. Во првата фаза на предквалификација  на огласот од декември 2015 година се јавија седум компании (3 домашни и 4 странски) од кои пет ги задоволуваа техничките услови, но во втората фаза  понуди доставија три компании и тоа: Гранит, Трансмет – Силекс и Бетон – Скопје и учествуваа на електронската аукција. На електронската аукција најниска цена беше доставена од Трансмет – Силекс, се вели во објаснувањето на МЗШВ.

Минатата недела изминал рокот за жалба во кој ниедна компанија не доставила забелешка.

Љупчо Николовски МЗШВ Министерство Силекс неметали Трансмет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.