Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Њујорк Тајмс: Предлозите од Берлин прифатливи за Украина – зајакнување на украинската армија, развој на европска мисија и безбедносни гаранции

0
By Zoran Ivanov on December 17, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 17, 2025 10:56

Соединетите Американски Држави, во координација со своите европски сојузници, изготвија план за безбедносни гаранции за Украина, кој предвидува драстично зајакнување на украинските вооружени сили, распоредување на европски трупи во земјата и активно користење на американските разузнавачки капацитети.

Според извештајот на „Њујорк тајмс“, кој се повикува на претставници запознаени со нацртите, американските и европските дипломати во голема мера се согласиле за два клучни документи што ја дефинираат рамката за идните безбедносни гаранции за Украина. Дискусиите се одржаа во Берлин, како дел од дводневните консултации со украинското раководство.

Двата документа имаат за цел да ја формираат основата на поширок договор насочен кон прекин на огнот и крај на војната. Во исто време, според весникот, тие вклучуваат одредби насочени кон убедување на Киев да прифати отстапување на одредени територии како дел од мировниот договор и да се откаже од перспективата за формално членство во НАТО.

Сепак, како што истакнува „Њујорк тајмс“ , целосниот прекин на огнот засега останува недостижен, бидејќи Русија не учествува во конкретните преговори и не покажа подготвеност за компромис.

Подготовката на документите траеше повеќе од осум часа и беше спроведена со учество на лидери и високи функционери од околу 12 европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство. Според американските и европските дипломати, првиот документ вклучува општи безбедносни принципи, кои по содржина личат на гаранциите од член 5 од Северноатлантскиот договор.

Вториот документ е пооперативен и детално опишува како американските и европските сили ќе соработуваат со украинската армија, со цел да се спречат нови руски обиди за окупација на украинска територија. Како што рече американски функционер, текстот е „многу специфичен“ во однос на мерките за одвраќање и одговорот на потенцијални инвазии.

Централен елемент на планот е одредувањето на големината на Вооружените сили на Украина на 800.000 војници, со модерна обука и опрема. Во исто време, документите предвидуваат создавање европска воена мисија, под европско водство, која ќе дејствува на украинска територија со мисија за заштита на воздушниот и морскиот простор на земјата. Се очекува мисијата да биде базирана во западна Украина, далеку од евентуалната линија на прекин на огнот.

Иницијативата за распоредување на европските сили ја координираат Франција и Велика Британија во рамките на таканаречената „Коалицијата  на волните“. САД, од своја страна, ја изразија својата подготвеност да го надгледуваат спроведувањето на потенцијалното прекин на огнот, да ги следат движењата на Русија и да идентификуваат потенцијални провокации.

Една од главните грижи за украинската страна останува стравот од повторување на искуството од Будимпештанскиот меморандум од 1994 година, кој не ја спречи руската инвазија. Американските и европските претставници уверуваат дека новите безбедносни гаранции ќе бидат правно обврзувачки и ќе бидат предмет на национални процедури за ратификација во вклучените држави.

 

Берлин ЕУ предлози САД Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.