Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

200.000 луѓе во Барселона бараа слобода за каталонските лидери

0
By Нова ТВ on October 18, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 18, 2017 09:21

Во Барселона синоќа се одржа протест за поддршка на двајцата каталонски сепаратистички лидери, кои ја поддржуваат независноста на Шпанија.

Околу 200.000 луѓе побараа ослободување на Жорди Санчес и Жорди Куишарт, водачите на „Националното собрание на Каталонија“ и „Омниум култура“, осомничени за поттикнување бунт.

Дел од присутните, преку палење бели и црвени свеќи, изразија солидарност и скандираа „Не сте сами“ и „Слобода“, а носеа и транспаренти „Слобода за политичките затвореници“ и „Европа, помогнете ни“.

На митингот се придружија и претставници на каталонската регионална Влада, како и на Градското собрание на Барселона.

Претходно, регионалниот премиер Карлос Пучдемон и градоначалникот Ада Колау, заедно со голем број луѓе, присуствуваа пред зградата на Градското собрание, додека учесниците држеа голем транспарент на кој пишува „Во заштита на правата и слободата“.

Слични демонстрации се одржаа и во други градови.

Регионалната Влада на Каталонија оцени дека одлуката на Врховниот суд на Шпанија за одредување притвор на каталонските сепаратистички лидери претставува „провокација од страна на шпанската држава“.

Според шпанското Обвинителство, Санчес и Куишарт на 20 септември организирале група демонстранти, кои неколку часа ги попречувале обидите на националната полиција за претрес на седиштето на каталонската Влада во Барселона.

И пред одлуката за притвор на Санчес и Куишарт, кои имаа клучна улога во подготовките и организацијата на референдумот за независност на Каталонија одржан на 1 октомври, кој властите во Мадрид го прогласија за противзаконски, во Барселона, беа организирани протести во кои учесниците маршираа низ улиците удирајќи во тенџериња и тави.

Барселона Каталонија Мадрид притворени протест референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.