Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

31 милион евра за реклами во странски медиуми, 12,5 во домашните

0
By Нова ТВ on September 16, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 16, 2017 12:24

Во период од 10 години поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ под ставката за привлекување странски иневеститори потрошила над 130 милиони евра, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Анализата покажува дека овој столб од трошоците направени во изминатите 10 години е исклучително висок, нерационален и остава простор за многу идни анализи и истраги“, изјави Бошњаковски на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека поранешната влада потрошила над 31 милион евра за реклами во странски медиуми, а дополнително на ова, во домашните медиуми платила уште 12,5 милиони евра. Бошњаковски праша зошто биле плаќани милиони евра на македонските медиуми, на каков начин тие би можеле да привлекуваат странски инвестиции и за што им се исплатени 12,5 милиони евра.

За т.н. роуд шоуа, пак, министрите без ресор, заедно со поранешниот премиер потрошиле 5,6 милиони евра буџетски средства.

„Економските промотори чија улога никогаш не беше јавно и транспарентно објаснета и беше во конфликт со македонската дипломатија, ги чинеле граѓаните на Република Македонија цели 12,5 милиони евра“, рече Бошњаковски.

Според него, во овој дел на анализата особено се истакнува бројката за дополнителни приходи, станарини, закуп и друго, на министрите без ресор кои биле задолжени за странски инвестиции. Станува збор, како што кажа Бошњаковски, за сума од 2,8 милиони евра кои на министрите без ресор задолжени за странски инвестиции им биле исплатени како доплнителни бенифиции надвор од месечната бруто блата.

Бошњаковски појасни дека се работи за станарини, закупи, промотивни материјали,… во Македонија.

Одговорајќи на новинарско прашање, колкав е бенефитот од странските компании во земјава, посочи дека таа анализа е во изработка, но укажа дека сите договори што биле склучувани со странските инвеститори се декласифицирани и доколку се побараат тие информации од институциите, ќе и бидат достапни на јавноста.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска го презентираше вториот дел од анализата за тоа колку поранешната влада потрошила во периодот од 10 години за привлекување странски директни инвестиции. Според претходно објавените податоци, станува збор за вкупно потрошени 225 милиони евра, за влез на 25 странски компании, кои оствариле 20.000 вработувања.

Влада ВМР0-ДПМНЕ медиуми Миле Бошњаковски Никола Груевски реклами роад шоу странски инвеститори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.