Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: ЖРК Вардар како првопласиран во четврт-финале

0
By Нова ТВ on March 11, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 11, 2017 20:06

Тирингер падна во Скопје, Ференцварош од врвот на табелата во групата 1. Вардарки триумфираа против бундеслигашот со 36:26 во последното коло од осминафиналната фаза во ракометната Лига на шампиони и како првопласирани во конкуренцијата одат меѓу најдобрите осум најдобри во елитното натпреварување. Во прилог им беше и победата на Будуќност против Ференцварош, во Будимпешта, со 24:23 за симнување на унгарскиот состав од врвот на третото место.

Ирина Дибирова дебитира со победа на клупата на ЖРК Вардар во нејзината тренерска премиера. Поранешната руска репрезентативка и сопруга на вардарецот Тимур Дибиров во четвртокот беше поставена на кормилото на „црвено-црните“ наместо Давид Дејвис кој се враќа во машката екипа.

ЖРК Вардар и Тирингер одиграа едонасочен меч. Домашните ракометарки беа во предност од првата до последната минута и во целост ја оправдаа фаворитската улога по двата врзани пораза од Будуќност и, особено, од Мец во минатиот викенд. Гостинските, пак, немаа капацитет да ја загрозат планираната вардарова прослава и во сите 60 минути беа во подредена улога во СЦ „Јане Сандански“.

Јованка Радичевиќ беше најефикасна на средбата со девет гола, Лузумова постигна седум за поразената екипа.

ЖРК Вардар во четврт-финалето ќе игра со четвртопласираниот тим во групата 1. Во моментот тоа е ЧСМ Букурешт кој утре ќе игра против Есбјерг во Данска. Романките важат за големи фаворитки и со евентуален триумф ќе завршат на третото место што ќе значи дека нареден ривал на македонскиот женски ракометедека би бил Митјиланд.

ЖРК Вардар – Тирингер 36:26 (19:12)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 2.500. Судии: Георгиос Панаидес и Мариус Андреу од Кипар

ЖРК Вардар: Лејно, Суслина, Песоа, Радичевиќ 9, Кликовац 1, Херем 3, Мавсар 1, Дамњановиќ 2, Лазович 1, Алтхаус 3, Илјина 1, Пенезиќ 5, Лакрабер 4, Хмимова, Лекиќ 5, Ристовска 1. Тренер: Ирина Дибирова.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 2 минути. Технички грешки: 7.

Тирингер: Екерле, Пинтеа 2, Шмелцер 1, Нидервизер 2, Агилар Диаз 3, Лузумова 7, Енгел 2, Оуте 4, Јакубисова 2, Киедровски 1, Волболд 2. Тренер: Херберт Милер.

Седмерци: 3/5. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 20.

Лига на шампиони

Група 1, 1о коло

ЖРК Вардар – Тирингер 36:26

Ференцварош – Будуќност 23:24

Астраханочка – Мец 20:28

Табела: ЖРК Вардар 15, Будуќност 14, Ференцварош 14, Мец 10, Тирингер 5, Астраханочка 2.

Група 2, 10 коло

Крим – Митјиланд 21:27

Есбјерг – ЧСМ Букурешт (недела)

Ларвик – Ѓер (недела)

Групна фаза ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет Тирингер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.