Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори Холандија: Победник е партијата на премиерот Руте

1
By Нова ТВ on March 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2017 21:31

Првите резултати од излезните анкети покажуваат дека партијата на актуелниот холандски премиер Марк Руте е победник на парламентарните избори. Зад него е најголемиот негов ривал Партијата за слобода на антиимигрантот и еден од најголемите расисти во Европа, Герт Вилдерс.

Неговата партија на десниот центар освоила 31 од вкупно 150 места во парламентот, покажуваат анкетите.

Партијата на Руте води пред три други партии меѓу кои е онаа на Вилдерс, Христијанско демократската и Демократската партија Д66, секоја со освоени по 19 места.

Резултатите укажуваат дека добар резултат постигна и Партијата на Зелените со освоени 16 места, додека СОцијалистичката освоила 14, а Работничката партија 9.

Народната партија за слобода и демократија иако е победник, на овие избори, според овие резултати, освоила 21 процент од гласовите, што е за 6 проценти помалку од оние 27 отсто во 2012 година.

Вилдерс пак, за време на кампања привлече големо внимание, и неговите освоени 13 проценти од гласовите се за три отсто повеќе од минатите избори.

На партијата на Руте ќе и бидат потребни најмалку уште три партии да за обезбеди мнозинство, а преговоте за влада се предвидува дека ќе траат најмалку три месеци.

Анкетите укажуваат дека излезноста на крајот може да достигне и до 80 проценти, што според аналитичарите може да биде од корист за про ЕУ и либералните партии.

Изборите во Холандија се следат со големо внимание, како индикатор за тоа како би поминале останатите популистички партии на изборите во другите земји од ЕУ.

Следниот месец Французите ќе гласаат за нов претседате, додека Германија во септември ќе одржи парламентарни избори.

Вилдерс, уште познат како холандскиот Доналд Трамп, на Твитер им се заблагодари на поддржувачите и  предупреди: „Руте долго време нема да се ослободи од мене“.

Во меѓувреме, шефот на Кабинет на германската канцеларка Ангела Меркел и честиташе на Холандија на „одличниот резултат“.

„Холандија, ах Холандија, ти си шампион“, напиша Питер Алтмаер на Твитер.

Мартин Шулц, кој до почетокот на годинава беше претседател на Европскиот парламент, а на изборите во Германија ќе и се спротивстави на Меркел изјави дека му „олеснило“ што партијата на Вилдерс изгубила.

-Мора да ја продолжиме борбата за отворена и слободна Европа, напиша Шулц (на германски јазик) на Твитер.

Вилдерс избори реакции Руте Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.