Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, вели Македонија не е во никаква опасност туку тоа се измислици на ВМРО-ДПМНЕ кои не сакаат да има промена на власта.
– За нас Тиранска платформа не постои, не постои повеќе ни програма на СДСМ, постои предлог програма за Влада. Македонија воопшто не е во никаква опасност. Не е опасност Уставот и унитарниот карактер. Владината програма и натаму може да се збогати и усогласува но никако по цена на државноста, тоа е темата. Тоа што лажат а некаква двојазичност , пари, химни ,казни за албански јазик ,се само дел од од црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манчевски во гостување во Телевизија 24.
Тој потенцираше дека неговата партија внимателно ги следела сите процеси и сценарија кои ги подготвувала партијата на Никола Груевски со цел да остана на власт, и за тоа имал контра план и одговор.
Воедно тој дополни дека консултациите помeѓу партиите кои му дадоа доверба за мандат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев се во тек за избор на претседател на Собранието, а тоа би требало да се знае, како што информираше Манчевски, во наредните два до три дена.