НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четирицифрен јубилеј: Буфон против Албанија ќе брани во 1.000 меч

0
By Нова ТВ on March 23, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џанлуиџи Буфон ќе биде во фокусот на вниманието утревечер на „Ренцо Барбера“ на Сицилија во мечот на Италија против Албанија во квалификациите за СП 2018. Легендарниот голман на „азурите“ ќе забележи 1.000 настапи во кариерата.

Меѓу стативите на Парма беше во 220 меча, за Јувентус има 612, а против Албанците ќе го впише 168 настап во националниот тим и ќе стане само 18 фудбалер со 1.000 и повеќе одиграни натпревари.

Врвот на листата ја предводат тројца голмани. Двајца од нив се Англичани – Питер Шилтон со 1.390 средби и Реј Клеменс со 1.118, меѓу нив е Бразилецот Рожерио Сени со 1.234.

„Кога Буфон се приклучи на тренинзите со првата екипа не верував што гледам. Беше извонреден иако имаше само 17 години. Постојано ги прашував соработниците дали глдаме исто, дали го гледаат тоа што јас гледам“, се присетува Невио Скала, тренер на Парма во минатото.

Буфон го одигра првиот меч во кариерата на 19 ноември во 1995 година за Парма против Милан. Две години подоцна имаше премиерата и за Италија во квалификациите за СП 1998 против Русија. Мечот го почна на клупата и во игра влезе во 31 минута наместо повредениот Џанлука Паљука. Со своите 19 години тогаш стана најмлад голман во репрезентацијата од Втората светска војна, примат што од 2006 година година го презеде Џанлуиџи Донарума кој дебитира за „азурите“ на возраст од 17 години и шест месеци.

Во летото во 2001 година потпиша за Јувентус, чиј член и денеска е, за сума од 53 милиони евра. На позицијата „еден“ во Торино го наследи Холанѓанецот Едвин ван дер Сар.

Италија Јубилеј Јувентус Парма фудбал Џанлуиџи Буфон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.