НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева: Обвинетите од „Пуч“ се меѓу најважните „свиркачи“

0
By Влатко Чаловски on March 24, 2017 ВЕСТИ
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Измените на законот за заштита на укажувачите е од есенцијална важност за да ги заштитиме сведоците на Специјалното јавно обвинителство кои сакаат да соработуваат, вели првата жена на оваа институција Катица Јанева, која се обраќаше по повод Меѓународниот ден на укажувачите.

Јанева во обраќањето потенцираше дека самата институција со која раа раководи се чувствува како укажувач, информирајќи ги граѓаните преку своите прес-конференции за криминалот, а воедно посочи и дека обвинетите во случајот „Пуч“, преку своите прес-конференции ја вршеле истата улога бидејќи објавиле коруптивно и криминално владеење на една партија и одредени функционери.

– СЈО не отстапува и нема да се откаже од истражувањето на криминалот и корупцијата како институција која е одговорна за својата задача. Не смее да се замолчи и да се затворат очите, потребно е истражување на секој криминал, а граѓаните се свесни дека тоа е нешто од заеднички интерес во кој тие се клучниот дел. Свиркачи беа и обвинетите во случајот „Пуч“ , кои преку своите пресконференции објавија коруптивно и криминално 10-годишно владеење на една партија и одредени фунцкионери, рече обвинителката.

Во „Пуч“ беа обвинети лидерот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, а СЈО кон средината на јануари го повлече обвинението за нив бидејќи фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт била во спротивност со доказите со кои располага Специјалното јавно обвинителство.

На истиот настан денес организиран од страна на Коалицијата за заштита на укажувачите, помеѓу говорниците беше и првата жена на „Транспаренси Интернешнл“, Слаѓана Тасева, која воедно е и еден од авторите на Законот за заштита на укажувачите.

Таа гарантира дека законот е многу добар, но многу малку или речиси ниту една државна институција не го применува.

– Имаме еден од најдобрите закони за заштита на укажувачи од сите што ги познавам. Она што ни недостасува и за што мораме сите заедно да работиме е да ги натераме институциите да го применат. На 8.март минатата година стапи законот а денес на прсти се бројат институциите кои ги спровеле. Антикорупциска комисија, Обвинителството, МВР и Омбудсманот треба да обезбедат канал за надворешно укажување како најповикани, рече Тасева.

Таа воедно потенцираше дека најголем укажувач во Македонија е човекот кој го собрал материјалот од неовластеното прислушување и го доставил, и рече дека сите кои се засегнати со прашањето за корупција треба да се изборат судовите во Македонија да дозволат истиот да се користи како доказ за големите криминали направени во земјава последните години.

whistleblowers Катица Јанева Корупција криминал сведоци свиркачи СЈО Укажувачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.