Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Проблемот со коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беше само СЈО

2
By Влатко Чаловски on March 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 28, 2017 12:56

Пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми реплицирајќи му пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на продолжението на денешната седница на Собранието рече дека проблем за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не бил Законот за јазикот и изборот на претседател на Собранието, туку продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

„Еве веќе кога сакате отворено да ви кажам, проблемот со коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не беше Законот за јазиците, туку СЈО, односно продолжување на мандатот на ова обвинителство. Не беше проблем ниту Законот за јазиците, ниту пак тоа претседател на Собранието да биде од ДУИ. Проблемот беше само мандатот на СЈО“, рече Адеми.

Според него се губи време со неефективното работење на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на реплика и контра-реплика и треба да се премине на четвртата точка за избор на спикер.

На ова повторно реплицираше Илија Димовски кој рече дека на сите им е јасна состојбата со СЈО. „Во последниот период од месец дена, СЈО се занимава и со ДУИ, иако две години се занимава со ВМРО- ДПМНЕ. На сите ние познато тоа, и вас и нас и на оние што нарачуваат истраги од СЈО и ним им е јасно“, рече Димовски.

Талат Џафери освен од Џеват Адеми, поддршка доби и од Горан Мисовски кој побара од Трајко Вељаноски да стави на гласање да се работи и после 18 часот за што поскоро да се избере спикер.

„Мојот и вашиот пријател Талат Џафери ли ќе ја федерализира Македонија” му потенцираше Мисовски на Вељаноски, кој е претседавач со седницата, а од кој побара да забрза со своите одлуки да се пројде на четвртата точка.

Продолжението на конститутивната седница како и во текот на вчерашниот ден при самиот почеток запна на третата точка за избор на Комисијата за избори и именување.

Во Собранието присуствува лидерот на СДСМ Зоран Заев и сите пратеници од оваа партија но не и Никола Груевски

Влада мандат пратеници претседател седница СЈО Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.