Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов заговара регулирање кој се би можел да финансира невладини

0
By Нова ТВ on April 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 26, 2017 11:42

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за унгарската национална телевизија изјави дека палењето на Народната канцеларија била една од „насилните акции“ за кои се користеле пари од фондации кои го носат името Сорос.

-Видовме дека средства од американските државјани, од даночните обврзници на САД, се префрлани во фондацијата која го носи името на Сорос и се користеле дури и за насилни акции. Една од нив беше и палењето на Народната канцеларија. И без грижа на совест тие тврдат дека тоа било протест, односно начин на делување на таквите организации, изјави Иванов, на прашањето за улогата на Сорос во Македонија.

Тој посочува дека за улогата на милијардерот се отвораат постапки во САД, за како што вели да се утврди „бил моделот на работа и соработка и во други земји за кои сега има реакции“.

На прашањето за директното вмешување во политиката на одредени невладини организации, Иванов вели дека Република Македонија е жртва на „октроирано цивилно општество кое го октроираат странски цивилни фондации и кои ги креираат активностите на невладините актери, не според интересите и потребите на граѓаните“.

Притоа, тој прави поделба дека „има многу невладини организации кои навистина ги отвораат прашањата, проблемите и предизвиците со кое се соочува населението“ и „од нив имаат корист и населението и Владата и сите,  затоа што се совест на општеството, и укажуваат што и како треба да се прави“.

Дугите, според него „едноставно се во функција на манипулација, притисок и отворање прашања кои не се од интерес на нашите граѓани“.

Според Иванов најголем проблем на Македонија е што странските фондации го етнизирале цивилното општество и го поделиле населението по етничка основа, и притоа, тој заговара регулирање на оваа како што вели „премногу либерална“ област.

– Да се знае кој дава пари, од каде доаѓаат тие пари, која е целта на тие големи милионски суми кои влегуваат без никој да ги контролира и едноставно да создаваат проблеми кои што не можат толку брзо да се совладаат, вели Иванов за унгарската телевизија.

Иванов интервју Сорос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.