Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој му е шеф на Митко Чавков, министерот или лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on April 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 28, 2017 18:13

#НикогашПовеќеВМРО pic.twitter.com/5LE3U42aRT

— EmptyPersona (@darkhour_seeker) April 28, 2017

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, денеска обелодени дека директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, синоќа постапувал по партиски директиви и одбил да соработува со неговиот надреден. Министерот го посочи Чавков како најдиректно одговорен за вчерашните крвави немири во Парламентот. Митко Чавков раководел со Оперативниот штаб во МВР, но два часа не издал никаква наредба за полициско засилување и дозволил насилниците да дивеат и тепаат во Собранието.

„Оперативниот штаб имаше подготвено планови за три претпоставени ситуации: кога ќе бидат протестите мирни, кога ќе се избира претседател на Собранието и кога ќе се избира Влада. За раководител на Оперативниот штаб беше избран директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Вчера од моментот на ескалација на ситуацијата се до 20 часот раководителот на Штабот Митко Чавков не беше достапен за мене иако го барав и телефонски и лично во Оперативниот штаб“, рече министерот Нухиу.

На фотографиите и видеата кои синоќа ги направија медиумите може да се видат лица во фантомки и маски и опремени со бубици и микрофони, на кои постојано комуницираат со некој. Тие влегоа многу лесно во Собранието, а полицијата не се обиде да ги спречи.

Полициски извори за НОВА ТВ велат дека акцијата е координирана од некаде затоа што симптоматично е како насилниците точно знаеле каде е прес центарот каде што во моментот се наоѓале пратениците од парламентарното мнозинство и лидерот на СДСМ имаше прес конференција.

Самиот Заев изјави дека вчера во Собранието имало обид за убиство со план и умисла.

„Ова вчера беше обид за убиство по план и добра умисла. Можете да го анализирате од влезот на луѓето, посочувањето, однесување, координирањето со полицијата, директно доаѓање до таму каде што се поединците каде се фокусирани“, рече Заев.

Министерот Нухиу рече дека веќе има докази дека дел од полициските сили биле координирани од партиски, наместо од Оперативниот штаб на МВР.

„Дел од вработените во МВР наместо да ги почитуваат законите и да ги извршуваат своите работни обврски, постапуваат по наредби на политички центри, нешто што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано. Внатрешната контрола при МВР е вклучена и ќе бараме одговорност од сите што не постапија согласно законските овластувања, вклучувајќи ги и членовите  и раководството на Оперативниот штаб. МВР е институција која мора да го гарантира јавниот ред и мир, а не да биде институција под влијание на политички субјекти кои сакаат да ја злоупотребат за свои цели“, нагласи Нухиу.

Дел од тепачите се идентификувани и според нашите извори станува збор за лица со дебели криминални досиеја во полиција и блиски со ВМРО-ДПМНЕ.

Некои од нивните идентитети се откриени и на социјалните мрежи. Дел од нив себе си се нарекуваат тврдокорни, Ќосиња, следбеници на Тодор Александров, атентатори.

Агим Нухиу ВМРО-ДПМНЕ МВР Митко Чавков Нереди Никола Груевски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.