Ѓер е прв финалист во женската ракометна Лига на шампиони. Во првото полуфинале на Фајналфор турнирот во Будимпеша, унгарскиот првак го совлада Будуќност со 26:20 (полувреме 12:9).
Анита Гербиц беше најефикасната на средбата со девет гола, Неагу со седум и Булатовиќ со шест погодоци го предводеа тимот од Подгорица, но без соодветна поддршка од колешките во нападот, а свој ден немаше ниту Марта Батиновиќ на голот.
Противник на Ѓер во мечот за титулата ќе биде подобриот меѓу македонскиот шампион ЖРК Вардар и бранителот на тронот, ЧСМ Букурешт. Почетокот на второто полуфинале е во 17.45 часот.