НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: Јувентус вади потврда, Монако по сензација

0
By Нова ТВ on May 9, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јувентус по потврда, Монако по сензација во вечерашниот реванш меч во полуфиналето во Лигата на шампиони. „Старата дама“ одбројува до фудбалската пресметка во Торино со 2:0 од првата средба на „Луј Втори“ што ја прави фаворит за освојување на билет за големото финале на 3 јуни во Кардиф. „Кнезовите“, пак, пристигнаа на Апенините со намера да го расипат победничката атмосфера во најава. Свесни се дека ќе биде тешко, дека пропуштија прилика на домашен терен, но истовремено и самоуверени дека мисијата не е невозможна.

„Подготвени сме да одиграме добар меч. Ќе дадеме максимум за финале. Еден гол може да ја смени целата ситуација“, рече Леонардо Жардим, тренер на Монако, иако притоа призна дека француската Лига 1 и битката за шампионската титула со ПСЖ е приоритет број еден за наредниот период.

Португалецот истакна дека е горд на неговите фудбалери оти, како што рече, никој пред почетокот на натпреварите не очекувал од екипата да ја мине групната фаза.

„Нашата цел останува иста. Да нападнеме, да дадеме гол и да останеме со ладни глави иако доста се потрошивме викендот. Против Нанси бевме принудени да играме со најсилен состав што не беше случај со Јувентус против Торино. Но, без разлика ќе сториме се вечерашниот дуел да не биде последен во Лигата на шампиони за оваа сезона“, додаде Жардим.

Фото: uefa.com

Јувентус на своја страна, покрај резултатот од првата средба и поддршката од трибините, ја има и традицијата. Не против Монако или дуели со француски екипи туку севкупна во Лигата на шампиони. Само еден тим во историјата успеал да прокоцка победа од прв полуфинален натпревар во реванш. Тоа е Панатинаикос кој во сезоната 1995/96 славеше над Ајакс во Амстардам со 1:0, но загуби убедливо во Атина со 3:0.

„Монако нема што да загуби. Ние мора да играме и подобро од првата средба во која направивме и неколку грешки“, порача Масимилијано Алегри кој очекува од притивникот да нападне со сите сили со желба да внесе неизвесност во реваншот.

Кај Јувентус се враќа Сами Кедира кого во Кнежевството го менуваше Клаудио Маркизио. Опција за домашните вечерва не се повредените Ругани и Пјаца. Монако не може да смета на повредениот Бошилја додека неизвесни се Менди и Карилјо кои медиумите, сепак, ги вклучија во можните состави за дуелот на „Јуве Арена“.

Лига на шампиони – реванш полуфинале

Јувентус – Монако (резултат од прв меч 2:0)

Стадион: „Јуве арена“ во Торино. Капацитет: 41.507. Гл. судија: Бјорн Куиперс. Асистенти: Сандер ван Рокел и Ервин Зеинстра (сите тројца од Холандија).

Можни состави

Јувентус (формација 4-5-1): Буфон – Барзалји, Бонучи, Кјелни, Алекс Сандро – Пјаниќ, Кедира, Дани Алвеш, Дибала, Манџукиќ – Игуаин. Тренер: Масимилијано Алегри.

Монако (формација 4-4-2): Субашиќ – Менди, Џемерсон, Глик, Сидибе – Бернардо Силва, Фабињо, Бакајоко, Лемар – Мбапе, Фалкао. Тренер: Леонардо Жардим.

Јувентус Лига на шампиони Монако Полуфинале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.