Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Европско лето за Работнички, Илијоски нов гол рекордер

0
By Нова ТВ on May 22, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 22, 2017 01:07

Работнички ремизира против Шкендија (2:2) во дербито на 34. коло во фудбалското првенство на Македонија за потврда на ново европско лето. Во прилог на дебармаалци беше и триумфот на Вардар над Ренова со 2:0 со што екипата од Џепчиште отпадна од игра за третото место на табелата што води во квалификациите за Лига Европа.

Кире Маркоски во седмата минута и Иван Вуковиќ во 41. реализираа за составот од Градски парк, Марјан Радески беше двоен стрелец за тетовци во 74 минута и во 88. Во меѓувреме Дамјан Шишковски го прочита Ферхан Хасани од белата точка во 68 минута.

Двата гола, пак, за старо-новиот првак беа дела на Барсегјан во 54 минута и на Џонатан Балотели во 64.

Силекс и Пелистер одиграа 3:3 во меч без резултатско значење за европска виза, но гостувањето на битолчани во Кратово долго ќе го памети Баже Илијоски. Напаѓачот на „зелените“ се промовира во нов најдобар стрелец во историјата на домашните шампионати. Погодокот што го постигна во 65 минута е негов 126. првенствен на македонските фудбалски тревници со кој го надмина досегашниот рекордер Зоран Бошковски.

Единственото отворено прашање за последните две кола се однесува на седмата позиција со која се избегнува бараж за опстанок во прволигашката конкуренција. Поблиску до неа во моментот е Победа која има два бода повеќе од Шкупи. Прилепчани како домаќини ја совладаа Македонија Ѓ.П. со 4:2, а чаирчани на својот мегдан ја поразија Брегалница со 3:0.

Се друго е познато во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) за оваа сезона. Вардар ја одбрани титулата и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони. Шкендија, како второпласирана, Работнички како трет на табелата и Пелистер како освојувач на Купот на Македонија ќе настапат во квалификациите за Лига Европа.

Прва лига – 34 коло

Вардар – Ренова 2:0

Шкендија – Работнички 2:2

Силекс – Пелистер 3:3

Победа – Македонија Ѓ.П. 4:2

Шкупи – Брегалница 3:0

Табела: Вардар 79, Шкендија 66, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 48, Силекс 43, Победа 38, Шкупи 36, Брегалница 21, Македонија Ѓ.П. 19.

Идно коло (28 мај): Пелистер – Вардар, Ренова – Шкендија, Работнички – Победа, Силекс – Шкупи, Македонија Ѓ.П. – Брегалница.

Баже Илијоски Вардар Зоран Бошковски ПМФЛ Работнички фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.