Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган приреди прием за кошаркарите на Фенербахче по повод освоената титула во Евролигата на фајналфор турнирот во Истанбул.
Новиот европски шампион во претседателската палата беше предводен од првиот човек на клуб, Азиз Јилдирим и тренерот Жељко Обрадовиќ. Меѓу гостите на 45 минута средба со Ердоган беше и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.
Фенербахче е прв клуб од Турција што успеал да го понесе престижниот кошаркарски трофеј на стариот континент. За Антиќ е трет во кариерата по двата освоени со Олимпијакос во минатото, за Обрадовиќ, пак, е деветти со петти различен клуб.
Екипата од Истанбул во полуфиналето го елиминира Реал Мадрид со 84:75, а во мечот за титулата беше подобра од Олимпијакос со 80:64.