НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Триколорите“, конечно, пробија малер: Жиру за прв хет-трик во 21 век

0
By Нова ТВ on June 3, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оливие Жиру е авторот на првиот хет-трик на фудбалската репрезентација на Франција во последните 17 години. Напаѓачот на Арсенал го постигна во убедливата победа на „триколорите“ над Парагвај (5:0) во пријателски натпревар во Рен.

Во листата на стрелци се впиша во 6 минута, во 13. и во 69. по асистенции на тројца различни соиграчи во националниот тим. Првиот го прослави по додавање на Осман Дембеле, при вториот доби топка од Дмитри Паје, а заслуга за третиот имаше Лукас Дињ. Мрежата на Силва до крај ја тресеа уште Муса Сисоко во 76 минута и Антоан Гризан во 77 минута.

Селекторот Дидие Дешамп не можеше да смета на репрезентативците од Јувентус и од Реал Мадрид кои вечерва ќе играат во финалето во Лигата на шампиони во Кардиф. Но, и она што го изведе на теренот беше силно за јужноамериканскиот противник. Со Погба и Матуиди како последни играчи за врска, со триото Паје, Гризман и Дембеле пред нив и со Жиру во шпицот на нападот, Парагвајците беа тотално разбиени на што упатува и резултатот.

Мечот против Парагвај ќе остане во паметење и на Уго Лори. Голманот на Тотенхем го забележа 88 настап и го надмина досегашниот рекордер меѓу стативите, Фабијан Бартез. Генерално гледано, пак, рекордер по бројот на одиграни натпревари за Франција е Лилијан Турам со 142.

Пријателски натпревари (2 јуни)

Франција – Парагвај 5:0

Северна Ирска – Нов Зеланд 1:0

Оман – Сирија 1:1

Оливие Жиру Парагвај Пријателски натпревари Уго Лори Франција фудбал Хет-трик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.