НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штербик: Одиме да се одмориме, утре нè чека ново финале

0
By Нова ТВ on June 3, 2017 СПОРТ
Фото: ehffinal4.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По историскиот пласман на Фајналфор турнирот во Келн, вардарци и со историски пласман во финалето во елитното натпреварување на ЕХФ. Најголемиот успех од формирање на клубот и воопшто за македонскиот машки ракомет е остварен во дуел со деветкратниот европски првак, Барселона. „Црвено-црните“ го совладаа составот од „Блауграна“ со 26:25 (полувреме 13:12) и утре попладне (18 ч.) ќе играат против ПСЖ за преземање на тронот од Кјелце.

„Ова е остварување на нашиот сон. Одигравме токму онаков меч за каков се подготвувавме и очекувавме. Влеговме силно мотивирани во полуфиналето, максимално се вложивме и на крајот заслужено победивме“, рече хрватскиот репрезентативец, Лука Циндриќ кој го постигна победничкиот гол за вардарци во последната минута.

Честитки за херојската игра и победа заслужуваат сите „црвено-црни“ играчи во ростерот на Раул Гонзалез. Вардаровата чета функционираше беспрекорно и во ниту еден момент не беше инфериорна на теренот и во резултатско заостанување. Предноста од еден гол на паузата ја осигураа и на крајот за еуфорија на теренот, на клупата и на трибините во „Ланксес арена“ во Келн.

„Не размислувам на начин дали јас ќе ја одбранам титулата туку сакам Вардар да ја освои. Ако биде така на крајот ќе бидат најзадоволен. Против Барселона одигравме одлично и заслужено сме во финале како награда за сите нас“, истакна вториот Хрват во редовите на вардарци кој лани беше првак со Кјелце, а оваа година има прилика да остане на тронот со „црвено-црните“.

Арпад Штербик со нов одличен настап на голот. Шпанскиот репрезентативец, преведено со ракометен речник, ги „спушти ролетните“ за својот поранешен клуб и беше двигател за соиграчите на теренот по малата криза што ги зафати на почетокот.

„Не е лесно да се добие Барселона на домашен терен, а камоли на неутрален. Ова е голема победа. Одиме во хотел, да се одмориме и да се подготвиме за утрешниот предизвик“, истакна вардаровиот чувар на мрежата.

Арпад Штербик Барселона Вардар Иван Чупиќ Лига на шампиони Лука Циндриќ ракомет финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.