Неколку жртви и повеќе повредени лица има по вечерашниот напад на Лондон, откако комби влетало во голем број пешаци кои се движеле по Лондонскиот мост, јавува Би-Би-СИ.
Сведоците велат дека вооружени полицајци се на местото на настанот, откако бело транзитно комби се качило на тротоарот и удрило во луѓето.
Медиумите јавуваат и дека имало и одделен напад со нож, но се уште нема никаква потврда за тоа. Мостот е затворен во двата правци.
Новинарката на Би-Би-Си, која во моментот на инцидентот била присутна на мостот, вели дека возачот на комбито возел со околу 80 километри на час.
Премиерката на Британија, Тереза Меј изјавила дека ужасниот инцидент во Лондон се третира како потенцијален акт на тероризам.