НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал У21: Македонија отседна на полскиот брег на Балтикот

0
By Нова ТВ on June 13, 2017 СПОРТ
Фото: aeromedia.pl
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со вода ги испратија, крај вода отседнаа. За среќно од пред хотелот „Александар Палас“ во Скопје, за комфор и мир во „Мериот“ во Сопот, на брегот на Балтичкото море. Младата фудбалска репрезентација на Македонија пристигна на крајното одредиште на полскиот север каде од 16 до 30 јуни ќе дебитира на Европските првенства за играчи до 21 година.

„Конечно дојде време да покажеме дека пласманот на ова Европско првенство не беше случаен. На секој меч ќе влеземе со желба за надигрување. Имаме респект кон сите ривали во групата, но не стравуваме од никого. Не гледам причина за такво нешто. Притисок е присутен межутоа позитивен како мотив плус за нас во намерата да продолжиме како што завршивме во квалификациите. За нокаут фаза не разислуваме. Ќе одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар“, коментира стоперот Ѓоко Зајков од белгиска Шарлроа.

По Франција, Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска во квалификациите, пред момците на Благоја Милевски се три нови предизвици во групата Б. Премиерата е на 17 јуни (20,45 ч.) против Шпанија во Гдиња, за три дена подоцна во Бидгошч е закажан дуелот со Србија (18 ч.) и во вечерен термин (20,45 ч.) на 23 јуни, повторно во Гдиња, е пресметката со Португалија.

„Се надевам дека ќе бидеме на посакуваното ниво во Полска. Дел сме од најдобрите млади репрезентации во Европа и здрави, прави и подготвени ги очекуваме настапите. Во пристапот, во стилот на игра и во концепцијата нема ништо да менуваме. Ќе играме со истиот жар како во квалификациите иако имаме силни ривали со одлични индивидуални капацитет. Меѓутоа можам да порачам дека овие наши момчиња не смее никој да ги потцени. Поседуваат и фудбалски и човечки квалитети“, нагласи селекторот Благоја Милевски.

„Надежите“ кои повеќе не се надежи, туку докажани играчи, се силно зачекорени и во сениорскиот национален тим. Тие се креатори на најголемиот фудбалски успех по осамостојувањето на Македонија и први што успеаја ја обезбедат место на завршен турнир низ квалификациски циклус. И тоа како првопласирани во групата, а на ЕП 2017 отпатуваа без пораз во 13 средби во низа.

Фото: ffm.mk

Импресивниот резултатски континуитет, само по себе, е доволен показател за одличната атмосфера во соблекувалната и на тренинзите, за завидното ниво на самодоверба, за потенцијалот што го поседуваат и за можноста уште повеќе да напредуваат во кариерите. Самото нивно присуство во Полска е успех со оглед на приликите што ги претставуваа во изминатиот период и несомнено ќе продолжат да го чинат тоа и во наредниот.

„Возбуда е присутна од долгоочекуваниот момент што се наближува. Можам да кажам дека сме подготвени за уште една голема работа како нова причина за радост и за задоволство. Против себе ќе имаме една Шпанија која ја вбројуваат како една од најсилните на овој турнир. Во минатото покажавме дека знаеме и можеме да се носиме со таквите. Против сите сме 11 на 11. Пред нас се три натпревари за кус временски период. Кога нема да можеме на физички план, тогаш ќе оставиме срце на терен за добар резултат“, порача Давид Бабунски од Јокохама маринерс.

Од нив никој не очекува шампионска титула или минување на групната фаза, ниту пак наметнува некаков императив. Единствено што се очекува е добра игра, а ако биде дотолку добра и ефектуирана со резултати, тогаш секој позитивен против Шпанците, Србите и Португалците ќе биде рамен на бинго. Фактот дека се дебитанти и статусот на аутсајдери за едни или „отпишани“ за други може да биде во корист на Македонија во претстојните мечеви со пиринејските репрезентации во Гдиња и со балканскиот сосед во Бидгошч.

ЕП 2017 Македонија Полска У21 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.