Копенхаген, и дефинитивно, е ривал на Вардар во третото квалификациско коло за фудбалската Лига на шампиони. Данскиот претставник загуби пред своите гледачи од Жилина со 1:2, но благодарние на триумфот (3:1) во првиот меч во Словачка обезбеди опстанок во елитното натпреварување на УЕФА.
Отубањо во 19 минута и Каса во 57. реализираа за гостите, во меѓувреме (48 минута) Вербич погоди од белата точка што беше доволно за прогрес на домашните.
Воведните 90 минути од македонско-данската пресметка се закажани за 25 јули во Копенхаген, возвратните се поместени на 1 август.
Најубедливата победа во реванш дуелите од второто коло ја забележа Легија. Полскиот првак во Варшава го понижи фински Мариехам со 6:0 и со вкупни 9:0 мина во наредната фаза во која го очекуваат 180 минути со Астана.
Селтик без проблеми го реши Линфилд. Шкотланѓаните и во реваншот го поразија ривалот од Северна Ирска со 4:0 (во Белфаст славеа со 2:0) и за место во плеј-офот ќе играат со Розенборг чии фудбалери со гол дури во продолженијата успеаја да го елиминираат Дандалк. По 90 минути во Трондхајм немаше победник (1:1) како што беше случај и во Република Ирска минатата недела, голот за голема радост на Норвежаните беше дело на Вилхјелмон во 98 минута.
Лига на шампиони/квалификации/3 коло
Двојки (25 јули/1 август)
Копенхаген (Данска) – Вардар (Македонија)
Марибор (Словенија) – Хафнарфјордур (Исланд)
Салцбург (Австрија) – Риека (Хрватска)
Партизан (Србија) – Олимпијакос (Грција)
Славија Прага (Чешка) – БАТЕ Борисов (Белорусија)
Астана (Казахстан) – Легија Варшава (Полска)
Селтик (Шкотска) – Розенборг (Норвешка)
Хапоел Бер Шева (Израел) – Лудогорец (Бугарија)
Виторул (Романија) – АПОЕЛ (Кипар)
Карабаг (Азербејџан) – Шериф Тираспол (Молдавија)
ФЦСБ (Романија) – Викторија Плзен (Чешка)
Ница (Франција) – Ајакс (Холандија)
Динамо Киев (Украина) – Јанг Бојс (Швајцарија)
АЕК (Грција) – ЦСКА Москва (Русија)
Бриж (Белгија) – Истанбул Басакшехир (Турција)
Лига на шампиони/квалификации/2 коло/ реванш мечеви
Резултати
Хонвед – Хапоел Бер Шева 2:3 (1:2)
Легија Варшава – Мариехам 6:0 (3:0)
Селтик – Линфилд 4:0 (2:0)
Салцбург – Хибернијанс 3:0 (3:0)
Марибор – Зрински 1:1 (2:1)
Лудогорец – Жалгирис 4:1 (1:2)
Кукс – Шериф Тираспол 2:1 (0:1)
Копенхаген – Жилина 1:2 (3:1)
Розенборг – Дандалк 1:1 – по продолженија 2:1 (1:1)
Диделанж – АПОЕЛ 0:1 (0:1)
Будуќност – Партизан 0:0 (0:2)
Викингур – Хафнарфјордур 0:2 (1:1)
ТНС – Риека 1:5 (0:2)
Самтредија – Карабаг 0:1 (0:5)
Вардар – Малме 3:1 (1:1)
Алашкерт – БАТЕ Борисов 1:3 (1:1)
Астана – Спартакс Јурмала 1:1 (1:0)
Во заграда се резултати од првите натпревари