НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкара и Брисел мака мачат да најдат заеднички терен за разбирање

1
By Светлана Јовановска on July 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај бројните несогласувања, ЕУ и Турција направија вчера голем напор за да најдат и покажат што уште ги обединува двете страни.

Вчера во Брисел дојде шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и се сретна со европската колешка Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан за време на Високиот политички дијалог помеѓу ЕУ и Турција кој се одржа вчера.

Точките на несогласување сепак се побројни од точките на согласност.

Пред се, уставната реформа во Турција и чистката која е одвива веќе цела година во оваа земја по неуспешниот обид за пуч од 15 јули 2016 година.

Помеѓу уапсените лица се наоѓаат критички новинари па невладината организација Амнести Интернешел вчера протестираше пред зградата во која се одржува средбата со Турција. Токму директората на оваа организација во Турција се наоѓа во затвор.

Комесарот Хан отворено, пред турскиот министер, ја изрази својата загриженост поради овој развој на настаните:

“Силно сум загрижен поради затворањето на многу новинари, писатели, академици и борци за човекови права”, рече Хан и потсети дека правната држава, демократијата и слободата на изразување се неопходни за да може Турција да се движи кон ЕУ.

Турскиот министер ги отфрли овие критики велејќи дека “никој не може да каже дека во Турција нема демократија” и дека “треба да се прави разлика помеѓу политичка опозиција и тероризам како и помеѓу вистински новинар и оние кои ги олеснуваат терористичките активности”.

Турчинот не ја пропушти можноста да спомене дека договорот за бегалците помеѓу ЕУ и Турција дозволи да сопре бранот на бегалци кои одеа кон ЕУ. И потсети дека Анкара со тоа го завршила својот дел од работата, додека Брисел се уште не го исполнил ветувањето за либерализирање на визниот режим. Тој побара исто така да се отворат преговарачките поглавија 23 и 24 од преговорите за членство со Турција. Со тоа, рече тој, ќе се одговори на загриженоста на ЕУ поради тоа што овие две поглавија се однесуваат на фундаменталните слободи и судството.

На ЕУ Могерини одговори дека Турција останува земја кандидат за членство но не можеше да каже дали и кога ќе продолжат преговорите за членство.

Помеѓу обединувачките точки беше спомената соработката на светската сцена како мировниот процес во Сирија, стабилизирањето на Либија и решавање на кризата помеѓу Катар и Саудиска Арабија како и понатамошна примена на нуклеарниот договор со Иран.

Сите соговорници констатираа дека околу овие прашања нема разлики во ставовите помеѓу Анкара и Брисел. Чавушоглу си замина без да ја намали загриженоста на ЕУ.

 

ЕУ Јоханес Хан Мевлут Чавушоглу Турција Федерика Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.